ЗИМАТА НЕ СИ ОДИ - цела недела ќе биде студено, можен и снег на повисоките места
Објавено во: Македонија 15 Март, 2021 08:19
Денеска ќе биде облачно и со врнежи од дожд, под влијание на влажен бран, а врнежите повремено ќе бидат поројни, на места со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава.
Всушност, ќе се случи продор на студена воздушна маса, која ќе биде причина освен на планините, врнежите да преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник појава на снег ќе има и на некои пониски места. Денес и утре ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени.
Инаку, утринските температури во земјава ќе се движат од -1 до 7 степени, а дневните од 2 до 11. Во Скопје слично време со максимална дневна температура од 8 степени.
Студено време, но без врнежи, со минусни утрински температури според метеоролозите ќе се задржи до петок.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




