Зимски одмор за речиси секое дете – предност за оние што најдолго време се социјалци!
Објавено во: Економија 01 Декември, 2012 14:26
Почнува реализацијата на проектот зимски одмор за децата на социјалните категории луѓе. Илјада деца од петто до осмо одделение од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток ќе одмараат и ќе се рекреираат за време на зимскиот распуст во рамки на владиниот проект користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на 3.000 деца.
Услугата за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, како што информираше денеска на прес-конференција ресорниот министер Спиро Ристовски, опфаќа седум дневен одмор и едукативно-забавни активности. Децата корисници на посебен додаток и децата со инвалидитет имаат право на придружник за време на користењето на услугата.
- Рангирањето на корисниците на услугата за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, ќе се врши според бодови до 60 бода за времетраење на користење на правото, 30 бода за деца од еднородителско семејство и 10 бода за деца со инвалидност, истакна Ристовски нагласувајќи дека во случај кога лицата истовремено користат повеќе права, во рангирањето се зема правото кое е поповолно за корисникот. Во моментов во тек е зборот на сместувачките капацитети во кои што ќе реализира зимскиот одмор. За користењето на оваа услуга следната недела Министерството за труд и социјална политика ќе објави повик на националниот јавен сервис Македонска радио-телевизија, на веб страницата на Министерството и во Центрите за социјална работа, каде ќе бидат наведени потребните документи за аплицирање. Изборот на децата коишто ќе је користат услугата ќе го врши Комисија. - По завршување на целата процедура, центрите за социјална работа ќе ги информираат корисниците за користење на услугата, како и за местото на поаѓање во секој град, рече Ристовски. Министерството одвои осум милиони денари за реализирање на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток во периодот на зимскиот распуст од учебната 2012/13. - Секое дете треба има можност да ужива во благодетите на летниот или на зимскиот одмор, нагласи министерто за труд и социјална политика Спиро Ристовски. Во текот на летото, околу 2.000 деца одмораа во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга и во одморалиштето за деца „Пелистер“ во Битола* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје





