19 Декември, 2025
0.0900

КОРИСНО: Зимски совети за безбедност на пешаците во сообраќајот

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2017 12:12

Добивај вести на Viber

Снегот, мразот и минусните температури во овој период од годината најмногу проблеми предизвикуваат на учесниците во сообраќајот.

Иако фокусот најчесто е ставен на возачите и возењето по снег и замрзнати коловози, сепак Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата подготви корисни совети и за најранливата категорија учесници во сообраќајот – пешаците, кои своите дневни обрски ги извршуваат пеш движејќи се по снегот. Според статистиките, секоја година околу 1/4 од вкупниот број жртви во сообраќајот се пешаци.

Совети кои ќе  помогнат за  побезбедно и посигурно учество на пешаците во сообраќајот, а на возачите ќе им помогнат полесно да ги забележат на улиците:

·  Движете се по тротоарот секогаш кога тоа е можно – Доколку не сте во можност да се движите по тротоар и го користите коловозот, тогаш движете се до крајниот лев раб од коловозот и следете ги возилата кои ви доаѓаат од спротивната страна.

·  Секогаш преминувајте ја улицата на пешачки премин. Преминувањето надвор од пешачкиот премин е крајно опасно, особено во услови на намалена видливост и тоа сериозно може да влијае на вашата безбедност во сообраќајот.

·  Настојувајте секое движење да ви е внимателно испланирано и не ризикувајте со изборот на „скратен пат“. Пред да се решите да стапнете на улицата имајте во предвид дека на возилата им е потребно повеќе време да запрат и сопирачкиот пат е подолг од вообичаено. Не ја преминувајте улицата сѐ додека не сте сигурни дека возилата кои се движат по коловозот ве забележале и се во состојба безбедно да го запрат своето возило. 

Освен тоа, пешаците за лична безбедност треба да внимаваат и на следните работи:

·  Носете соодветни обувки. Чекорете бавно и сигурно со целото стапало. Соодветните обувки му овозможуваат на пешакот да чекори со целото стапало и да има добар и стабилен контакт со подлогата по која се движи. Обувките треба да се со соодветна потпора и да не се лизгаат на снег.

·  Не го бркајте зеленото светло за пешаци или автобусот, бидете стрпливи и сигурни во тоа што го правите.

·  Избегнувајте да носете торби и други предмети кој ја нарушуваат вашата рамнотежа.  Никогаш не се движете со  рацете во џеб.

·  Пешачките премини можат да бидат доста опасни и при самото разминување на пешаците. Внимавајте каде чекорите. Гледајте пред себе и пропуштете го пешакот кој ви доаѓа од спротива. Не заборавајте, љубезното однесување во сообраќајот е дел од убавите манири на секој човек.

·  При преминување на улицата немојте да застанувате помеѓу двете коловозни ленти затоа што возачите не ве очекуваат таму и може да бидете удрени од возило кое се движи по влажен и лизгав коловоз.

·  Бидете особено внимателни кога се качувате или излегувате од автобус или автомобил, или кога се движите помеѓу паркирани возила и излегувате на улица.



·  Носете светла облека со рефлектирачки додатоци особено во рани зори и во приквечерието. Додатете рефлектирачки налепници на јакните или на торбите. Бидете видливи и безбедни во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, покрај овие совети, апелира до пешаците на максимално одговорно учество во сообраќајот. Внимателно учество во сообраќајот не е грижа само на возачите. Секој од нас има обврска да се грижи за својата безбедноста и да дава личен придонесен за непречено одвивање на сообраќајот. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината