ЗИМУВАЊЕ ЗА ЕВТИНИ ПАРИ, НА САМО НЕКОЛКУ ЧАСА ОД МАКЕДОНИЈА: Ручек чини 15 евра, еве каде скијаат нашите
Објавено во: Македонија, Балкан 15 Јануари, 2024
За време на празниците и зимскиот распуст, повеќето Македонци заминуваат во околните земји на скијање и зимски спортови. Секако, сите сакаат да зимуваат за поевтини цени, па така, голем дел од атрактивните локации годинава беа пресолени за сечиј џеб, па многумина одлучија да заминат во соседна Бугарија и нејзиниот зимски бисер - Банско.
Елена, која со своето семејство беше во Банско, вели дека годинава цените биле значително поскапи на Златибор и Копаоник, па се одлучила за Бугарија и вели дека не згрешила.
„ Значително е поевтино, на ски патеката, за четири кафиња плативме помалку од 10 евра, а оброк за двајца чини едвај 15 евра. Во хотелот каде што бевме сместени толку не чинеше ручекот. Услугата е одлична, а цените за сместување почнуваат од 20 евра по лице. Во секој хотел има спа, базен, велнес центри, превоз до ски центарот и одличен однос кон гостите - вели таа.
Според неа, на Банско имало многу од Македонија но и од Србија.
„И покрај тоа што Србите го имаат Копаоник и Златибор, велат дека прескапи се цените и затоа заминале во Банско, од каде беа навистина презадоволни“ додава таа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.