02 Декември, 2024
0.0536

ЖИТНИТЕ КУЛТУРИ НА УДАР ОД ПРОМЕНЛИВОТО ВРЕМЕ, ОРИЗОТ СТРАДА ОД ИНСЕКТ – Приносите може да бидат значително намалени

Објавено во: Агробизнис 10 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Сите житни култури освен пченката и сончогледот, но и лозарството, овоштарството и раноградинарските култури се сочуваат со сериозни проблеми поради променливото време и може да дојде до драстично намалување на приностите годинава.

Иако засега штетите се пред се механички, сепак експертите предупредуваат дека ваквото време, многу топло и влажно е идеално за развивање на разни болести и дека ако не се ушнитени културите од невреме, односно од град, може да бидат уништени од разни болести поради влагата.

Дополнително сериозен проблем е и појавата на нова болест, поточно нов инсект кај оризот, поради што голем дел од засадените количини од ориз веќе се уништени, што значително може да влијае на приносите.

-  Веќе има механички штета врз културите има и болести од влага, има разни габи кои го уништуваат родот и квалитетот на пченицата. Поради влагата кај пченицата потемнува зрното, па мелничарите не го сакаат, не го откупуваат, за жал ќе од како добиточна храна. Ваквото време и болестите ќе влијаат и на приносите и врз цените – потенцира професрот Илија Каров од Земјоделски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Каров за „Фактор“ потенцира дека сегашните цени за откуп на земјоделските култури се ставаат земјоделците во многу неповолна позиција. Укажува оти откупните цени се многу ниски, а цените на репроматеријалите се многу високи, поради што не можат да ги покрајат трошоците што ги имаат.

-  Поради ваквата состојба земјоделците се откажуваат од одгледување земјоделски култури. Неопходна е промена во аграрната политика во земјава. Вака губат и земјоделците кои се откажуваат бидејќи без заработка не се работи, но и државата оти ќе мора да увезуваме многу земјоделски производи – посочува Каров.

Професорот укажа на уште еден голем проблем во земјоделството, кој се појавил во источна Македонија и кој е поврзан со одгледувањето ориз. Потенцира дека поплаките на земјоделците од нова болест која го уништува оризовото стебло било причина да ги посети оризовите полиња каде утврдил дека најверојатно ги уништува посебен инсект.

-  Овој инсект во моето над 50 годишно искуство сум го сретнал само во Италија и САД. Сме имале многу посети, но досега само на две места сум го забележал. Тој го јаде коренот и себлото на оризот и може да ги уништи приносите и над 60 отсто. Ова е најстрашното нешто за одгледувачите на ориз бидејќи им го уништува родот и тие се во очајна состојба бидејќи сега им се уништува се што вложиле, во семиња, во ѓубрива, а нема да можат да повратат од вложеното – потенцира Каров и додава дека се сомнева оти инсектите се увезени во земјава поради недоволна контрола.

П.О.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.