29 Ноември, 2024
0.0320

Живеат во село, немаат компјутер, и не слушнале дека треба да се регистрираат на Е-персонален данок

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

На 12 километри од градот Кочани се наоѓа селото Пантелеј, каде живеат триесетина постари жители, кои немаат компјутери, немаат пристап до интернет, ниту пак слушнале дека треба да се регистрираат на Е-персонален данок на веб страната на Управата за јавни приходи.

Претседателот на месната заедница Дарко Георгиев, вели дека иако е помлад од другите жители, сепак и тој не работи со компјутер, а не слушнал дека има нов, поинаков начин за пријавување данок во УЈП.

„Не сум слушнал, никој не ми кажал. Татко ми е пензионер, добива пензија, но и тој не знае за ова. Јас имам само основно образование, компјутер имаме дома, ама не ракувам со него, децата се вклучуваат на интернет. Во секоја куќа има стари луѓе по 70 или 80 години, и нема шанси да се снајдат за да пополнат она што е потребно“, вели Георгиев.

Но, додава дека ако оваа обврска е задолжителна, сепак ќе мора да ги извести мештаните за процесот кога ќе добие информации.

„Ако мора, штом ќе ме информираат, ќе одам од куќа на куќа да им кажам на луѓето, да се снајдат затоа што имаат деца,  внуци во град кои ја разбираат работата, што да правам, кмет сум им“, додава Георгиев.

Од УЈП објаснуваат дека во тек се активности за изнаоѓање на решение за олеснување на постапката за регистрација на пензионерите и изнемоштените лица, со цел овозможување на оваа категорија на наједноставен начин да си ги остварат правата и обврските регулирани со Законот за персонален данок на доход, односно увид во приходите евидентирани во службената евиденција со која располага овој орган и потврда/корекција на годишната даночна пријава.

„Од страна на Управата за јавни приходи се разгледуваат можните решенија и секако по изборот на најсоодветното решение, навремено ќе се информира јавноста преку расположливите  канали за комуникација и информирање. Заклучно со 12.10.2018 година во апликацијата „Е-персонален данок“ се регистрирале 36. 824 граѓани, од кои  21.556 се одобрени, а за 15.268 граѓани постапката е отпочната и се чека да дојдат во Управата за јавни приходи  да се легитимираат за да се прифати нивното барање. Затоа апелираме граѓаните навремено да ја исполнат својата обврска за регистрација на e-pdd.ujp.gov.mk, за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата Годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП. Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година, пополнетата ПДД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена“, наведуваат од УЈП.

Претходните години граѓаните потполнуваа Годишни даночни пријави, доколку освен плата и пензија имаа и други приходи, и заклучно со 15 март мораа пријавата да ја достават во просториите на УЈП, а за оние кои не ја почитуваа оваа обврска, имаше пропишано парични казни.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ГАШИ: Патриоти се тие кои го почитуваат своето знаме, но и знамето на другите

ГАШИ: Патриоти се тие кои го почитуваат своето знаме, но и знамето на другите

ЗНАМ: Некои само декларативно се залагаат за соживот и не ги почитуваат симболите на државата во која се родиле

ЗНАМ: Некои само декларативно се залагаат за соживот и не ги почитуваат симболите на државата во која се родиле

„ДОДЕКА ТОШКОВСКИ СО СВОЈОТ ТИМ ДО ТРИ ПО ПОЛНОЌ РАБОТЕШЕ НА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ, ...“ - еве каде, според Салиу, бил заменикот

„ДОДЕКА ТОШКОВСКИ СО СВОЈОТ ТИМ ДО ТРИ ПО ПОЛНОЌ РАБОТЕШЕ НА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ, ...“ - еве каде, според Салиу, бил заменикот

Професор Чибишев: Загадениот воздух доведува до респираторни заболувања, до зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, мозочни удари и дури и појава на малигни тумори

Професор Чибишев: Загадениот воздух доведува до респираторни заболувања, до зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, мозочни удари и дури и појава на малигни тумори

Две жртви на недоизградениот автопат Кичево - Охрид

Две жртви на недоизградениот автопат Кичево - Охрид

ПЕРИНСКИ ИЛИ ЃОРГИЕВСКИ, КОЈ ЌЕ БИДЕ СЛЕДЕН КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ? Николоски открива во Бизнис муабети на Фактор, целиот поткаст гледајте го тука

ПЕРИНСКИ ИЛИ ЃОРГИЕВСКИ, КОЈ ЌЕ БИДЕ СЛЕДЕН КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ? Николоски открива во Бизнис муабети на Фактор, целиот поткаст гледајте го тука

Мицкоски: Приведени се осум лица што го сквернавеа македонското знаме

Мицкоски: Приведени се осум лица што го сквернавеа македонското знаме

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВРЕДИ ЗА ЗНАМЕТО: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВРЕДИ ЗА ЗНАМЕТО: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СТАСА И ДО РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ: Наголемо се пишува што се случуваше синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме

УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СТАСА И ДО РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ: Наголемо се пишува што се случуваше синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме