ЖИВОТ СО МИГРЕНА: Секојдневните или чести мигренозни болки влијаат на повеќе од половина од светската популација
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2024 07:38
Мигрената е едно од најчестите невролошки нарушувања, кое
значајно влијае на животниот квалитет на милиони луѓе ширум светот. Според
податоци од Светската здравствена организација (СЗО), мигрената зафаќа околу 10 отсто од глобалното население, при што
жените се три пати позасегнати отколку мажите. Околу 1,3 милијарди луѓе
страдаат од мигрена, што ја прави втората најчеста причина за инвалидитет во
светски рамки.
Кога мигрената се нарекува втората најчеста причина за инвалидитет во светски рамки, тоа не значи дека луѓето буквално стануваат инвалиди, туку дека оваа состојба значително го намалува нивниот квалитет на живот и функционалната способност. Според Светската здравствена организација, мигрената предизвикува „губење на години со здрав живот“ поради тоа што е поврзана со долготрајна болка, когнитивни проблеми, и намалена способност за извршување секојдневни активности или професионални обврски.
Исто така, новите истражувања покажуваат дека секојдневни или чести главоболки, вклучително и мигрена, влијаат на повеќе од 50 отсто од светската популација во одреден момент од животот. Од нив, 14 проценти доживуваат мигренозни напади, што претставува значителен товар врз здравствените системи и работоспособноста на луѓето.
Освен тоа, мигрената најчесто започнува во подмладите години и може да трае цел живот, а без адекватна терапија, влијанието врз индивидуалниот и социјалниот живот може да биде огромно
Најчести симптоми кај луѓето кои страдаат од мигрена:
Силна болка: Пулсирачката и еднострана болка може да ги онеспособи пациентите, спречувајќи ги да работат или да учествуваат во социјални активности.
Други симптоми: Честа чувствителност на светлина, звуци, мириси, како и гадење и повраќање.
Фреквентност: Кај некои пациенти мигренозните напади се јавуваат многу често, што предизвикува хроничен замор и ментална исцрпеност.
Социоекономски последици: Намалена продуктивност, чести отсуства од работа или училиште, како и потреба од медицински третмани, коизначајно влијаат врз личните и семејните финансии.
Токму овие ефекти се основата на рангирањето на мигрената како високо значаен здравствен проблем во глобални размери.
Како мигрената влијае врз животите на луѓето
„Мигрената го комплицира мојот живот како студентка. Најмногу страдам за време на испитните сесии – стресот и недостатокот на сон ги активираат нападите. Понекогаш болката е толку силна што не можам ниту да читам. Имам чувство дека губам време и шанси да бидам подобра на факултетот, вели 21-годишна студентка на Градежен Факултет.“
„Порано имав мигренозни напади неколку пати месечно, но откако влегов во менопауза, тие станаа почести и поинтензивни. Хормоналните промени дополнително ги влошија симптомите. Мојата работа како наставничка е погодена, бидејќи не можам да поднесам светлина или бучава за време на нападите, појаснува 55 годишната скопјанка Виолета С.
„Работам како ИТ-специјалист и многу време поминувам пред компјутер. Мигрената се јавува особено по долги работни денови и ми предизвикува сериозни проблеми. За време на нападите морам да земам слободни денови, а со то ги пробивам здададените рокови што остава последици и на мојата продуктивност, но и на кариерата, вели нашиот 42-годишен соговорник Дејан В. од Скопје“.
Најчестите форми на мигрена се:
- Мигрена без аура и мигрена со аура во која покрај горенаведената симптоматологија може да се јават и разни изливи во видното поле - визуелна аура (точки на трепкање, линии во видното поле, промени во бојата), сензорни симптоми (печење, пецкање, боцкање на едната страна од телото, лицето и/или јазикот), па дури и може да се појават нарушувања на говорот.
Многу е важно да побарате лекарска помош доколку се сомневате дека имате мигрена за што поскоро да добиете дијагноза и соодветна терапија.
Со оглед на тоа што анамнестичките податоци од пациентот се најважни за поставување на дијагнозата, водењето дневник за главоболка може значително да му помогне на вашиот лекар во поставувањето дијагноза.
Третман и терапија
Раниот третман е многу важен бидејќи значително го подобрува квалитетот на животот, а терапијата за мигрена може да се подели на:
– Терапија за запирање на напади
– Терапија која спречува нови напади
Немојте самостојно да ја лекувате мигрената со честа употреба на аналгетици, бидејќи ризикувате да влезете во маѓепсан круг на повторливи главоболки, кои се јавуваат при злоупотреба на лекови против болки (кога се земаат во дози повисоки од препорачаните или подолг временски период од препорачаното).
Анита Буховски
фото: UnsplashМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




