19 Декември, 2025
0.0426

ЖИВОТ ЗНАЧИ АМА НЕ ЈА ЧУВАМЕ – загубите на вода повторно надминуваат 60 отсто

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2025 07:08

Добивај вести на Viber

Иако е еден од најзначајните природни ресурси на планетата земја, сепак, кон неа се однесуваме како да не е од животно значење. И покрај апелите и плановите за намалување на загубите на питка вода, и последниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика открива дека имаме голем процент на неприходувани количини на питка вода.

Останува трендот на нецелосно искористување на водите во Македонија, а најновите податоци покажуваат дека во земјава се губат над 60 проценти од водите.

Во последниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, се потенцира дека „неприходуваната вода станува сè поважна во аспект на заштита на природните ресурси, а претпријатијата се соочуваат со големи загуби на водата“.

Според нивниот годишен извештај, процентот на неприходувана вода во 2024 година се движи помеѓу 6 отсто и 95 проценти, во зависност од давателот на водната услуга.

Во согласност со последните достапни податоци, процентот на неприходувана вода во 2024 година на ниво на Република Македонија изнесува 63,21 отсто.

Да биде парадоксот поголем, во споредба со претходната година, количината на вода на влез во системите за водоснабдување бележи зголемување за 6,87 отсто, додека процентот на фактурирана вода е намален за 4,29 проценти во споредба со претходната година.

-  Овој проблем директно влијае врз капацитетот на давателите на водните услуги за финансирање на нови услуги, спроведување на соодветно одржување, како и инвестирање во нови технологии – се посочува во извештајот на РКЕ.

Нивото на неприходувана вода кај давателите на водни услуги за 2024 година врз основа на последните достапни податоци, во однос на 2023 година е зголемено за 0,92 отсто и ја прикажува реалната состојба на неприходувана вода во државата врз основа на досегашните добиени извештаи од претпријатијата.

Од извештајот на РКЕ може да се забележи дека убедливо најголемо ниво на загуби на вода има во Југозападниот регион, каде вкупно нивото на неприходувана вода за 2024 година достигнува до 74,69 проценти.

Веднаш зад нив е Полошкиот регион каде пак загубите достигнуваат високи 70,46 проценти, по кои следува Источниот Регион со 64,75 проценти неприходувана вода. По нив, следни на листата со висок процент загуби се Пелагонискиот и Скопскиот регион, првиот со 62,61 отсто, додека вториот со 61,77 проценти.

Под шеесет проценти загуби се Североисточниот регион со 55,56 отсто неприходувана вода, па следува Вардарскиот регион со 54,34 проценти и Југоисточниот регион  со 49,02 отсто загуби на вода.

Регулаторот во извештајот потенцира дека со регулирањето на цените на водните услуги се постигнува реформа на постојниот сектор за водни услуги, со која од давателите на водните услуги се очекува да извршат значајни промени во однос на организациските, управувачките, финансиските и оперативните аспекти во своето работење.

- Со воспоставувањето на определени мерки и давањето на насоки за нивното работење, на давателите на водните услуги им се овозможува одржлив развој и самофинансирање на идни инвестициски проекти преку кои се подигнува квалитетот на водната услуга. Регулирањето на цените на водните услуги преку начелата предвидени во Законот за утврдување на цени на водните услуги има за цел да обезбеди вкупната цена на водните услуги да биде достапна за домаќинствата, имајќи ги предвид вкупните приходи по домаќинство во подрачјето во кое се обезбедува водната услуга. 

Целта е обезбедување на одржливо користење на инфраструктурата за вршење на водните услуги, постигнување на целосен поврат на трошоците и подобрување на квалитетот на водните услуги за обезбедување на непречено давање на услуги согласно со најдобрите достапни практики – се напоменува во извештајот.

Податоците откриваат дека просечната потрошувачка на вода во 2024 година на ниво на Република Македонија изнесува 12,92 метри кубни по домаќинство за еден месец.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните