24 Јануари, 2025
0.0277

ЖИВОТЕН ВЕК ВО 2030: Колку ќе живеат Македонците, а колку другите народи?

Објавено во: Македонија, Свет 25 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во Македонија до 2030 година должината на животниот век нема да претрпи многу промени.

Во помалку богати земји, како Македонија и Србија, просечниот животен век е низок и не се очекува да стане многу подолг. Но, тоа не е случај со други земји. 

До 2030-та година во Јужна Кореја должината на животниот век ќе се продолжи најмногу како кај мажите така и кај жените. 

Девојка родена во 2030-та година или подоцна,  најверојатно ќе живее над 90 години – 7 години подолго, ако се родила во 2010-та година, а се очекува мажите пак да живеат над 84 години.

Новото истражување меѓу 35 богати земји, овластено од страна на научниците во „Imperial College London“ и од „СЗО“ и објавено во медицинскиот журнал „Lancet“, користи комбинација од 21 статистички модели наместо само еден. Според авторите резултатите се посигурни, но и изненадувачки.

До 2030-та година унгарските мажи се очекува да живеат во просек со 7 и пол години подолго отколку во 2010-та година, делумно затоа малку од нив користат алкохол или пушат.

Нов Зеланд, Австралија и Канада имаат ниски нивоа на смртност и смртни случаи од сообраќајни несреќи, а во исто време се претставија добро во превенцијата и лекувањето на срцеви болести и рак.

Шведска и Јапонија исто така најверојатно ќе одбележат слабо продолжување на времетраењето, иако тоа можеби е неизбежно под услов што веќе се лидери во овој поглед.

Најмногу изненадувачки се податоците за САД. Најголемата економија во светот е меѓу петте земји на дното на листата по очекувано продолжување на времетраењето на животот и кај мажите и кај жените. Со животен век од 77 години за мажите и 81 години кај жените во 2010-та година, таа веќе е меѓу најниските во богатиот свет.

Ова делумно се должи на фактот дека САД е единствената земја во ОЕЦД, која нема здравство за сите, што значи дека здравјето на посиромашните е полошо. Покрај тоа, земјата има највисока смртност меѓу родилките и децата, па помалку луѓе реално достигнуваат старост. Високите нивоа на дебелината и на убиства дополнително го намалуваат траењето на животот.

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато