09 Декември, 2023
0.0306

Животното осигурување е долгорочна инвестиција

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Најмногу се инвестира во осигурувањето со штедна компонента. Овој продукт му овозможува на осигуреникот по истек на договорот за осигурување своето вложување да го добие како заштеда со одредена добивка, вели Јасмина Кузманова, соработник за животно осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Животното осигурување е се поатрактивен облик на осигурувањеи во нашата земја, додека пак во западните земји тоа одамна е нашироко развиена пракса. Причината е што истото нуди голем број придобивки за осигурениците и тие стануваат се посвесни за предностите за тоа што значи да се има полиса за животно осигурување. Секако тука се и позитивните искуства на сега веќе поранешните иматели на полиси за животно осигурување кои имаа склучено договори на 10 или 15 години, а кои сега веќе располагаат со своите заштеди од тие полиси.“ - вели Јасмина Кузманова, соработник за животно осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Она што им го кажувам на сите, а членовите на моето семејство го знаат тоа многу добро, е дека животното осигурување е продукт кој што нуди долгорочна заштита и сигурност. Наједноставно кажано тоа е продукт со кој вие штедите за себе, а од друга страна ви овозможува помирно да спиете бидејќи знаете дека што и да се случи, веќе сте ги обезбедиле вашите најдраги.Постојат различни пакети и секој може да избере она што е соодветно за него во однос на неговите потреби и финансиски можности.“

Таа посочува дека СН Осигурителен Брокер на своите клиенти им нуди широка палета на производи за животно осигурување. „Со оглед на тоа дека сме брокерско друштво, ги имаме на располагање сите пакети за животно осигурување од сите осигурителни компании. За еден поединец или млада брачна двојка можеби не е едноставно да се одлучи за тоа каков долгорочен договор да склучи. Но, затоа ние сме тука да ги запознаеме со деталите и да им помогнеме да го направат најдобриот избор согласно нивните потреби, желби и финансиски можности.“ - вели Кузманова.

„Реално најмногу се инвестира во осигурувањето со штедна компонента. Овој продукт му овозможува на осигуреникот по истек на договорот за осигурување своето вложување да го добие како заштеда со одредена добивка. Ова е особено атрактивно за граѓаните, затоа што освен што штедат тие добиваат и сигурност дека во случај на непредвидени околности ги обезбедуваат своите најсакани.“ - вели таа.

„Имаме и одлични производи со кои клиентот покрај тоа што е животно осигуран, тој во исто време и инвестира со што има можност за принос многу поголем од оној кој би го остварил при традиционално вложување на средствата. Исто така имаме и производ наменет за лица кои имаат слободни или орочени парични средства, а воедно сакаат да имаат и животно осигурување. Со него покрај добивката, односно бонусот за еднократната уплата, добиваат и животно осигурување, како најсигурна заштита на семејството од несакани последици.“ - појаснува Кузманова.

Посебен акцент се става на децата. „Секако, да не ги заборавиме нашите најмлади. За обезбедување на финансиската сигурност на дечињата имаме производи за детско штедно осигурување каде кое што родителите штедат за нивната иднина, а по истек на договорот децата, тогаш веќе на возраст од 18 до 25 години, се единствени корисници на средствата, секако заедно со добивката.“

Животното осигурување и меѓу нашите граѓани веќе станува потреба, а не луксуз, вели таа. Како најголем аргумент за тоа ги наведува официјалните податоците од Агенцијата за супервизија на осигурување кои покажуваат дека за прв пат во 16 годишното постоење на животното осигурување вложувањата на граѓаните надминаа 2 милијарди денари (32,5 мил.евра) во 2021 година што е рекордно, односно највисоко годишно ниво на вложувања во животно осигурување од востановувањето на пазарот за животно осигурување во 2005 година.

За одбележување е и тоа што минатата година бројот на лица кои имаат осигурување се зголемил за 95 % во однос на претходната 2020 година. Исто така и вложувањата во животно осигурување во 2021 година се зголемиле за 261 милиони денари (4,2 мил.евра) во однос 2020 година.

„Животното осигурување е најдобрата инвестиција за иднината, но не само за вашата иднина, туку и за иднината на вашите деца. Луѓето не сакаат да размислуваат за лоши ситуации, но и тие се случуваат. А тогаш кога ви е најтешко добро е да имате некој кој ќе ви помогне. Полисите за животно осигурување го нудат токму тоа.“ - вели Кузманова.

Таа нагласува дека повеќе информации можат да се добијат на веб страницата www.snbroker.mk, каде што заинтересираните можат подетално да се информираат за пакетите за животно осигурување, како и за сите класи на осигурување кои ги нуди СН Осигурителен Брокер како што се осигурување на моторни возила, зелен картон, патничко осигурување, осигурување на имот, осигурување на лица, осигурување од одговорност...

Заинтересираните можат да се информираат и телефонски на 075/442-669, како и на бесплатниот телефонски број 15770. „Притоа ќе добијат прецизни објаснувања од нашите брокери за најповолнитеосигурителни пакети зависно од нивните индивидуални потреби. Воедно, во своето место на живеење можат да се обратат во најблиската подружница на СН Осигурителен Брокер или да закажат средба со осигурителен брокер каде заедно ќе ја изберат најоптималната полиса прилагодена на нивните индивидуални барања и потреби.“ - вели таа.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ОД НОВИНАРОТ ЛАТАС: Нема ниту еден доказ дека во киднапирањето е замешан таткото на девојчето

УШТЕ ЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ОД НОВИНАРОТ ЛАТАС: Нема ниту еден доказ дека во киднапирањето е замешан таткото на девојчето

ДАЛИ ВАЊА БИЛА СТАВЕНА ВО ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ ВО ПОДРУМОТ НА ЗГРАДАТА - од Обвинителството не ја потврдуваат оваа информација

ДАЛИ ВАЊА БИЛА СТАВЕНА ВО ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ ВО ПОДРУМОТ НА ЗГРАДАТА - од Обвинителството не ја потврдуваат оваа информација

ЛАТАС: СВОЕВРЕМЕНО И ЈАС ИМАВ УПЛАТЕНО ЗА СТАН КАЈ ПАЛЧО, 10.000 ДОЛАРИ - но се откажав кога видов дека сум трети на список за истиот стан, никогаш не ми ги врати парите

ЛАТАС: СВОЕВРЕМЕНО И ЈАС ИМАВ УПЛАТЕНО ЗА СТАН КАЈ ПАЛЧО, 10.000 ДОЛАРИ - но се откажав кога видов дека сум трети на список за истиот стан, никогаш не ми ги врати парите

ТОЈ Е ИЗБОР ЛИЧНО НА ПАРТИСКИОТ ЛИДЕР АХМЕТИ - Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец во земјава

ТОЈ Е ИЗБОР ЛИЧНО НА ПАРТИСКИОТ ЛИДЕР АХМЕТИ - Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец во земјава

СМЕТАМ ДЕКА КОЛЕГИТЕ ОД ТУРЦИЈА ЌЕ ИМААТ ПРЕДВИД ДЕКА СЛУЧЈОТ НЕ СМЕЕ ДА ДОБИЕ ПОЛИТИЧКА КОНОТАЦИЈА - Вилма Рускоска околу барањето за екстрадиција на Палчо

СМЕТАМ ДЕКА КОЛЕГИТЕ ОД ТУРЦИЈА ЌЕ ИМААТ ПРЕДВИД ДЕКА СЛУЧЈОТ НЕ СМЕЕ ДА ДОБИЕ ПОЛИТИЧКА КОНОТАЦИЈА - Вилма Рускоска околу барањето за екстрадиција на Палчо

УБИСТВОТО НА НЕВИНО ДЕВОЈЧЕ БИ МОЖЕЛ ДА ГО ИЗВРШИ САМО ЕДЕН ТИП НА ЛУЃЕ - српски психолог објаснува зошто некогаш грешат и татковците

УБИСТВОТО НА НЕВИНО ДЕВОЈЧЕ БИ МОЖЕЛ ДА ГО ИЗВРШИ САМО ЕДЕН ТИП НА ЛУЃЕ - српски психолог објаснува зошто некогаш грешат и татковците

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ - осомничените ги држат во делот на зградата каде што не можат да влезат ни сите чувари

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ - осомничените ги држат во делот на зградата каде што не можат да влезат ни сите чувари

„НА МЕНХЕТН ЛИ ПРОДАВАТЕ СТАНОВИ, НЕНОРМАЛНИ ЕДНИ, 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА СТАНЧЕ ОД 40 КВАДРАТИ“ - актерот Тасевски распали за високите цени во Дебар Малоо

„НА МЕНХЕТН ЛИ ПРОДАВАТЕ СТАНОВИ, НЕНОРМАЛНИ ЕДНИ, 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА СТАНЧЕ ОД 40 КВАДРАТИ“ - актерот Тасевски распали за високите цени во Дебар Малоо

КАДЕ БИЛ ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ-ПАЛЧО НА 24 АПРИЛ 2012 ГОДИНА, КОГА СЕ СЛУЧИ „МОНСТРУМ“ - Европскиот сојуз со прашања до МВР

КАДЕ БИЛ ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ-ПАЛЧО НА 24 АПРИЛ 2012 ГОДИНА, КОГА СЕ СЛУЧИ „МОНСТРУМ“ - Европскиот сојуз со прашања до МВР