05 Декември, 2025
0.1119

“Златна плакета на претприемништвото” за Стевчо Јакимовски

Објавено во: Економија 19 Декември, 2012 10:12

Добивај вести на Viber

Денеска Унијата на претприемачи и занаетчии од регионот на Јужна Србија во Стопанската комора на Ниш му додели златна плаќетана градоначалникот на општината Карпош Стевче Јакимовски. Наградите беа доделувани на најистакнатите поединци и институции кои придонеле за унапредување на претприемништото, продуктивноста, иновациите и едукацијата во поширокиот регион. Манифестацијата е организирана од страна на "Унијата на претприемачи и занаетчии на Ниш". која брои над 6.000 членови како и Стопанската комора на Ниш, која одбележува 100 години посветени на стопанството. Како што известуваат од Карпош станува збор за членки на повеќе регионални и граѓански иницијативи. Покрај тоа што се трудат да го поттикнат претприемништвото, тие истовремено се ангажираат и на полето на намалување на сиромаштијата и помагање на маргинализираните групи како и на лицата со посебни потреби. Покрај градоначалникот Јакимовски, добитници на "Златна пакета" се и министерот за финансии и економија на Србија - Милан Динкиќ, за успех во намалување на давачките и таксите за малите бизниси, а исто така и претседателот на Собранието на Ниш, проф. д-р Миле Илиќ. Јакимовски изјави дека му претставува осбена чест и задоволство признанието и особено му е драго тоа што напорите и залагањата на Општина Карпош за поддршка на претприемништвото и воопшто за регионалната соработка и развој, се видливи и надвор од општината и државата.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“