ЗЛАТНИОТ НАКИТ НАЈБАРАН: Во време на пандемијата цената расте
Објавено во: Економија, Корона Вирус 27 Мај, 2020
Во светот кога станува збор за златото, накитот е најбаран.
Според податоците на Светскиот совет за злато од вкупната побарувачка за злато лани, во висина од 4.000 тони, 48 отсто или 2.107 тони отпаѓа на накит.
На второ место се златните прачки и кованици со 870 тони или 19,99 отсто од вкупната побарувачка.
На третата позиција се централните банки и останатите институции со злато во вредност од 650 тони.
Рудниците за злато од Јужна Африка до Канада се затворени во овој период поради пандемијата.
Цената на златото расте поради несигурноста која ја наметна паднемијата на Ковид - 19.
Неговата цена годинава скокна за 13 проценти, и со тоа стигна на највисоко ниво од 2012 година.
Сега рудникот ќе биде затворен на неопределено време.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.