Добивај вести на Viber
Цената на златото ја забележа најлошата година од 1981 година наваму , откако ја заврши 2013 година на ниво од 1202.30 долари за унца . Падот за изминатата година е од над 28 % .
Потсетуваме дека рекордната цена на благородни метали од 1.900 долари за унца беше достигната во август 2011 година. Само за последните десет години, до декември 2012 година , цената на златото сепак е зголемена пет пати , односно во годините 2007 , 2009 и 2010 вредноста му додала повеќе од 30 отсто .
Полошо од златото во текот на изминатата година се претстави среброто , откако загуби 36 отсто до 19.37 долари за унца . Платината ја заврши 2013 година со пад од 11% .