Знаев дека сум во предворјето на пеколот, блиску до точката од каде нема враќање назад: Ковид исповед за цитокинска бура на млад скопјанец
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2021 09:53
Знаев што ми се случува. Знаев дека сум во предворјето на пеколот, блиску до точката од каде нема враќање назад и дека класична цитокинска бура значи себеуништување! Јас би ја рекол цунами, а не бура, бидејќи исто како што цунамито остава пустош, така таа остави пустош во организмот. Ова дел од исповед на младиот Ненад Алексиќ за голготата која ја поминал со коронавирусот. Тој има само 29 години и на почетокот откако бил заразен се било в ред, но работите не останале така.
„Според многумина најопасната индикација која може да му се случи на лице заболено од Ковид-19, и за среќа не толку честа, ме снајде мене. Едно е кога истражуваш за тоа колку ретко се случува цитокинска криза и дека се случува поради енормно силен имун одговор на пациентот (каква иронија, мојата „младост“, силен организам и имунитет, работеа против мене), а друго е кога ќе доживееш такво нешто. Таа вечер, 23 август, ја водев до сега најтешката борба во мојот живот. И знаете што беше најтешко од сè?Знаев што ми се случува!Знаев дека сум во предворјето на пеколот,блиску до точката од каде нема враќање назад и дека класична цитокинска бура значи себеуништување! Јас би ја рекол цунами, а не бура, бидејќи исто како што цунамито остава пустош, така таа остави пустош во организмот, пишува тој во колумна на Човекотпредсе.мк.

Кога хоророт завршил многумина му рекле дека издржал херојски, а тој вели дека ништо херојски и храбро нема во тоа да се збогуваш со себе на 29 години и да размислуваш за сите работи кои ќе ги пропуштиш, ако те снема.
„Мојата „пирова“ победа се надевам дека ќе биде порака до сите кои се самоуверени кога се работи за нивното здравје. Јас немав масивна пневмонија ниту проблем со сатурацијата и дишењето, немав проблеми со другите органи во телото, немав проблем со згрутчување на крвта… Јас имав проблем со својот имунитет кој „забега“ и телото ми го претвори во бојно поле каде се водеше дванаесетдневна жестока пресметка со вирусот. Моето тело беше боиште и нем сведок на „блицкригот“, вели тој.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




