19 Декември, 2025
0.0680

ЗНАМ ДО АХМЕТИ: Да не се секира за опстанокот на македонскиот народ

Објавено во: Македонија 14 Август, 2024 14:46

Добивај вести на Viber

За изјавите на претставници на албанската етничка заедница, Движењето ЗНАМ го посочува претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како една од главните фигури одговорни за состојбите во Македонија.

„Еден од најголемите соработници на КОС во бивша Југославија, Али Ахмети, да не се секира за опстанокот на македонскиот народ, најголем гарант за тоа се Македонците каде и да се’. Наместо да отвара навредувачки и националистички теми денеска кога државата се стреми кон ЕУ, нека се потруди да си го исчисти дворот во партијата од корупција и криминалот на својата фамилија“, велат од ЗНАМ.

Движењето ЗНАМ исто така ги критикува изјавите на потпретседателот на владата, Изет Меџити, кој го обвини движењето за национализам и антиалбанска доктрина.

Ахмети вчера рече дека Македонците мораат да соработуваат со Албанците, инаку ќе ги проголтаат Србите, Бугарите и Грците. 

ЗНАМ упати жестоки критики кон „Вреди“ и ДУИ и велат дека Македонците повеќе нема да бидат граѓани од втор ред. 

Движењето ЗНАМ-За наша Македонија го изразува своето незадоволство од однесувањето на коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) и функционерите на ДУИ, критикувајќи го нивното непочитување на законите и Уставот на Македонија.

„Во целост го разбираме однесувањето на колегите од „Вреди“ кога е во прашање спроведувањето на законите во Македонија. Понесени од досегашното самовластие на функционерите на ДУИ во институциите на македонската држава, овозможени од вазалската и неспособна власт на СДСМ, тие продолжуваат по истиот терк, демонстрирајќи моќ од позиција на власт преку прекршување на законите и Уставот на Македонија“, стои во реакцијата на движењето.

ЗНАМ истакнува дека нивниот прв принцип е функционирање врз основа на почитување на Уставот и законите и дека секогаш ќе реагираат кога ќе има прекршување на истите. Дополнително, во врска со прашањата со етничките заедници во Македонија, од движењето нагласуваат дека „тие се апсолвирани преку целосната имплементација на Охридскиот Рамковен договор.“

Движењето исто така ја отфрла идејата за Македонија како бинационална држава.

„Треба да престане наративот од коалицијата „Вреди“ дека Македонија е бинационална држава во која живеат две мнозинства и повеќе малцинства, како и тенденцијата на креирање на паралелни квази институции,“ се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти