18 Декември, 2025
0.5298

ЗНАМ: Филипче и менторот Заев се срам за чесните членови на СДСМ

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2025 20:15

Добивај вести на Viber

Филипче ти и твојот ментор Заев сте срам за сите чесни членови на СДСМ, пишува во денешното соопштение на Движењето ЗНАМ.

„Венко Филипче денеска ја покажа најголемата вистина за себе - стравот. Стравот од моќта на ЗНАМ. Стравот од тоа што граѓаните ја препознаваат искреноста, доследноста и борбата на нашето Движење. Она што навистина го парализира Филипче е очигледниот страв дека на претстојните избори не го чека само пораз, туку катастрофален дебакл од кој враќање назад нема. Денес, истиот тој човек кој цело лето го помина на луксузни јахти и крстарења низ Медитеранот, се осмелува да зборува за чесност и да повикува на враќање во СДСМ. Тоа е навреда за сите чесни членови на СДСМ и лицемерие од највисок степен“, реагираат од партијата.

Од ЗНАМ, обраќајќи се до лидерот на СДСМ велат дека вистината не може да се сокрие со зборови.

„Твоето владеење беше синоним за криминал и злоупотреби - од скандалозни тендери и провизии во здравството, до неспроведени и нетранспарентни проекти како Клиничкиот центар, кој заврши во коруптивен мрак. Ти си човекот кој ја користеше функцијата за лична корист, а јавноста долго време го гледаше тоа преку сомнителните набавки, скандалозните договори и милионските тендери. Златната виза што ја стекна е јасен симбол на твојата алчност и на распродажбата на македонските интереси. Јавноста заслужува одговори од твоја страна за тоа како и зошто доби привилегија која отвори врата за сомнителни бизнис и странски инвестиции на сметка на државата“, пишува во соопштението на ЗНАМ.

Од таму посочуваат дека со резолуцијата што ја доставил пред неколку дена, покажал дека злосторникот се враќа на местото на злосторот.

Без срам, без морал, подготвен да ја распродаде државата и повторно да ги стави личните и партиските интереси пред граѓаните. Движење ЗНАМ за наша Македонија е партија, партнер во власта, која функционира како вистински коректор- со визија, со програми, со конкретни решенија и со чесни политики кои го ставаат граѓанинот на прво место. Ние не менуваме имиња, туку предводиме реформи, ги разбираме проблемите на граѓаните, ги корегираме системските пропусти и носиме решенија. Нашите политики се чесни, транспарентни и одговорни. На претстојните локалните избори не те очекува само пораз, ќе доживееш невиден политички дебакл, заслужена пресуда од народот за сите афери, за сите сомнежи и за секоја распродадена надеж“, велат од ЗНАМ.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија