18 Декември, 2025
0.5853

„ЗНАМ СЕ ДЕКОР ВО ВЛАСТА, ВМРО-ДПМНЕ ЈА ВРАТИ СТАРАТА МАТРИЦА“: Филипче вели дека нема веќе празни зборови

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2025 15:22

Добивај вести на Viber

ЗНАМ ве изневерија, ветија дека ќе бидат коректори на власта, а станаа декор, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче на кандидатите за градоначалници на коалицијата која ја предводи.

„Некои наши сопартијци поверуваа дека ЗНАМ ќе биде глас на луѓето кои не се слушнати, протест против старите практики и вистински коректор на власта. ЗНАМ длабоко ве изневери. Наместо борба, и коректори на власта, станаа декор во владата за лични интереси, молчат и одработуваат. Наместо отпор, покажаа сервилност кон ВМРО-ДПМНЕ. Максим Димитриевски и неколкумина заради лични интереси го искористија и злоупотребија гласот на оние кои сакаа искрени промени во СДСМ. Се смести удобно во власта, замолчеа пред неправдите и ја предадоа социјалдемократијата и вредностите на нашата партија. Молчат пред налетот на десничарските погубни политики. Сакам да ви порачам - вие не сте го изневериле СДСМ, ЗНАМ ве изневери вас. Вашиот протестен глас го разбирам, но ве повикувам да се вратите дома. Вашиот протестен глас, без ваша намера, помогна ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт“, рече Филипче 

Тој вели дека се вратиле партизацијата, стравот и неспособноста.

Сега веќе е јасно дека нема трети патишта. Или има силна опозиција или ВМРО-ДПМНЕ ќе владее без контрола со поделени луѓе кои веруваат во социјалдемократската идеја.  Оние кои поверуваа и гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, знам дека повеќе луѓе гласаа за подобро, некаква власт која ќе работи и тоа е чесна, нормална и очекувана потреба. Но денес, по сите големи зборови, по година и половина власт на ВМРО-ДПМНЕ, реалноста е сурова. Цените дивеат, платите тапкаат во место, институциите се претвораат во партиски канцеларии, а секојдневието е полошо од вчера. Наместо план за иднина, гледаме тешка импровизација. Наместо правда, гледаме закочени реформи, скандали, партизација и селективна правда. Наместо достоинство во меѓународната политика, гледаме понижувања и маргинализирање на државата“, кажа Филипче. 

Обвини дека власта ја злоупотребила волјата на граѓаните за промени.

„Вашиот глас и вашата волја за промени беа злоупотребени. Ви ветија поинаква држава, а ја вратија старата матрица - блиските добиваат, останатите се неважни. Ветија економија и развој, а денес се живее потешко и потешко. Платите не ги качуваат, цените не ги контролираат. Земјоделците не добиваат поддршка, се задолжуваат за 8 милијарди евра. Фирмите молат за повратот на ДДВ кој им следува, затоа што државата нема пари. Ова не е промената за која се гласаше. СДСМ извлече поука од последните избори“, додаде лидерот на СДСМ.

Филипче вели дека признаваат дека не секогаш биле она што граѓаните го очекувале. Додаде и дека повеќе нема празни зборови и отстапување од ветеното.

„Денес СДСМ излегува пред вас со луѓе кои имаат интегритет, со кандидати кои имаат професија, резултати и чист образ. Нема веќе празни зборови, ниту отстапување ниту чекор од вредностите од ветувањата. Ќе не гледате и ќе не контролирате. Така се враќа довербата. Ова е наш дом и наша борба. Македонија не е и не смее да биде дом на малкумина, туку дом на сите.  Признаваме дека не секогаш бевме она што граѓаните го очекуваа. Но без силен СДСМ, единствената надеж дека Македонија може да биде правична, човечна, демократска држава со јасна перспектива напред едноставно пропаѓа. Затоа научивме дека борбата е за вредности, за нашите идеали, да ја исправиме партијата на нозе и да им служи на граѓаните. Апстиненцијата на изборите не е казна за СДСМ, тоа е награда за ВМРО-ДПМНЕ, да владее без контрола, арогантно, да гази врз правата, да партизира се и сешто. Кога не гласаме, им ја препуштаме државата на оние кои докажаа дека мислат само на себе. Ако ви е важна иднината на вашите деца, ако ви е важно државата да не стане сопственост на Христијан Мицкоски и тие околу него, ако верувате дека Македонија има шанса, има иднина, ако верувате дека мора да изберете чесни, приземни луѓе, тогаш дајте ја поддршката. Нашите кандидати таа поддршка нема да ја изневерат. Ова е момент на нов почеток. Постои нешто што е поголемо од партијата, а тоа е заедничкиот дом во кој живееме. Ние не сме совршени, но сме оние кои ги носат државата и граѓаните кон јасна иднина и кои се грижат за реалните проблеми, кои одговараат на маката на луѓето, кои во криза не се повлекуваат, не лажат, туку се соочуваат“, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија