Добивај вести на Viber
Компанијата Sony ќе ја претстави најновата линија на производи за 2015 година на Меѓународниот Саем за потрошувачка електроника (CES) кој се одржува во Лас Вегас, започнувајќи овој вторник на 6-ти Јануари.
Во склад со филозофијата на компанијата “да ја инспирира и да ја задоволи љубопитноста на луѓето ширум светот и да ги разбуди нивните емоции,” штандот на Sony ќе понуди нови производи и прототипи со најновите технологии од Sony за 4K Ултра Висока Дефиниција, звук во Висока Резолуција (Hi Res) и SmartWear.
Искуството на снимање и гледање во 4K резолуција, Sony го пренесува на едно повисоко ниво преку понуда на поширок асортиман производи кои се компатибилни со 4K. Ќе бидат претставени вкупно дванаесет нови 4K Ultra HD BRAVIATM LCD телевизори понудени во четири серии, со уште подобар квалитет на сликата, благодарение на иновативниот 4K процесор X1 од Sony. Оваа нова линија на BRAVIA телевизори ја вклучува и серијата на најтенки 4К телевизори досега во светот (скоро 4.9мм на најтенкиот дел) како и првата серија со компатибилни звучници за звук во висока резолуција.
Sony го дополнува широкиот асортиман на 4K и Full HD телевизори со најновиот Андроид ТВ оперативен систем овозможувајќи вкрстена функционалност помеѓу телевизијата и мобилните уреди повеќе од кога и да е. Дополнително, One-Flick Entertainment интерфејсот од Sony им нуди на потрошувачите уникатно корисничко искуство преку далечински управувач кој функционира на допир овозможувајќи им лесен пристап до библиотеките за содржина. Ваквата комбинација им овозможува на корисниците нови начини на интеракција со нивните телевизори и достапност на содржина, услуги и апликации.
4K технологијата Sony ја воведува и во линијата на фотоапарати и камери, почнувајќи со новиот Action Cam модел кој може да снима во 4К, создавајќи снимки кои се јасни, чисти и реалистични како и самиот момент. Компанијата исто така ќе ја презентира и најновата 4K Handycam камера, која е 30% помала, 20% полесна од досегашниот модел и опремена со технологија на Sony за балансирана стабилизација на сликата.
Во делот на аудио производи, Sony ќе понуди асортиман на производи компатибилни со звук во висока резолуција (Hi Res) кои нудат одлично искуство за слушање музика без разлика дали се наоѓате дома или во движење. Sony воведува десет нови уреди, вклучувајќи го и врвниот вокмен компатибилен со звук во висока резолуција, слушалки, безжични звучници, домашен кино систем и интегрирани повеќе канални појачувала. Со новоразвиената LDACTM технологија за кодеци, којашто овозможува пренос на приближно три пати повеќе количина на аудио податоци отколку што тековно овозможуваат постоечките технологии, корисниците од сега ќе можат да слушаат поквалитетна музика безжично преку Bluetooth. На саемот, Sony исто така ќе ја претстави моќта на SongPal LinkTM, новата функционалност достапна на новите Sony производи коишто овозможуваат симултано емитување на звук преку повеќе поврзани уреди. Демонстрацијата на ова на CES ќе ги транспортира присутните во нов музички простор кој ги надминува физичките ограничувања на просторот.
Sony исто така ги поместува границите понапред со креирање на SmartWear уреди коишто нудат нови искуства и животни стилови за корисниците. На минатогодишниот CES саем, Sony ја презентираше иновативната линија на концептуални SmartWear производи коишто ги прибележуваат искуствата на корисникот во текот на денот. Информацијата сочувана во Lifelog апликацијата им овозможува на корисниците да ги идентификуваат и подобрат дневните шаблони на однесување, правејќи ги SmartWear уредите моќна алатка којашто има потенцијал да го збогати нивниот живот. Во 2015, Sony дополнително ќе ги зајакне врските со модните и лајфстајл брендовите за создавање на нови начини на носење на уредите коишто го надополнуваат вообичаеното носење нараквици. Од слушалки до очила, SmartWear линијата ќе има различни форми и облици. Со тековната понуда на Sony и партнерите, овие уреди ќе користат најразлични апликации за секојдневна комуникација, подобрување на следењето и функцијата за снимање за трчање, голф и фитнес активности.
Пред отворањето на презентацијата на CES, Sony одржа прес конференција каде претседателот на Корпорацијата Sony, Kazuo Hirai и претседателот на Sony Electronics, Michael Fasulo ги претставија производите кои треба да се појават на пазарот оваа година. Снимка од прес конференцијата ќе биде достапна на следниов линк: www.ustream.tv/sony
ГЛАВНИ ПРОИЗВОДИ И ПРОТОТИПИ ПРЕТСТАВЕНИ НА CES 2015
Sony најави дванаесет модели на 4K BRAVIA LCD телевизори во четири серии коишто нудат одлично визуелно искуство преку неверојатно јасна слика, широка опсег на бои, висок контраст и светлина, сега повеќе од било кога со иновативниот 4К процесор X1. Компанијата ќе ја претстави и X9000C серијата, со нов “Floating Style” дизајн концепт со досега најтенкиот 4К телевизор во светот (скоро 4.9мм во најтесната точка). Sony исто така ќе ја претстави и X9300C серијата, првите телевизори во светот коишто подржуваат звук во висока резолуција и се опремени со компатибилни звучници за звук во висока резолуција. Овие модели ја вклучуваат технологијата на Sony DSEE HXTM за подобрување на компресираното аудио од програми на телевизија или други извори на содржина изедначувајќи го нивниот квалитет до речиси ниво на квалитет на звук во висока резолуција.
Новите производи на Sony подржуваат H.265/HEVC и WebM VP9 видео стандарди за компресија, коишто се компатибилни со 4К овозможувајќи им на корисниците да уживаат во повеќе 4К платформи. Бидејќи YouTubeTM го користи VP9 форматот, корисниците исто така ќе може да уживаат во содржина генерирана од самите корисници како што се видео снимки направени со 4K Action Cam.
FDR-X1000V, првиот 4К компатибилен Action Cam, ќе подржува снимање во висока дефиниција со висок бит рејт 4K/30p (100 Mbps). Овој модел доаѓа со напредната SteadyShot технологија за стабилизација на сликата и е првиот во својата линија кој вклучува намалување на шум предизвикан од ветрот. Со новата Action Cam корисниците ќе можат да направат 4K видеа кои се јасни, чисти и реалистични како и самиот момент.
Новата FDR-AX33 4K Handycam камера од Sony e 30% помала и 20% полесна од сегашниот модел и е првата 4K Handycam која доаѓа опремена со SteadyShot технологија за балансирана оптичка стабилизација на сликата која ја намалува матноста на сликите за време на сите режими за сликање, од широкоаголно до телефото. Со оваа автоматска стабилизација на сликата, снимањето во висока 4K резолуција е полесно од кога и да е.
Звук во висока резолуција
Новите производи од Sony им овозможуваат на корисниците да слушаат поквалитетна музика безжично преку Bluetooth, како и симултано да пуштаат музика преку повеќе поврзани уреди со SongPal Link.
NW-ZX2 моделот на Walkman кој е компатибилен со звук во висока резолуција е најновиот модел во ZX серијата, следејќи го успехот на Walkman NW-ZX1 моделот кој беше претставен есента 2013. Со посебен дизајн наменет да постигне уште поголем квалитет на звукот, овој модел го пренесува квалитетот на звукот на ZX1 на уште повисоко ниво. Новиот модел овозможува до 33 часа слушање музика во висока резолуција (192 kHz/24 bit) како и слушање музика преку Bluetooth конекција кога уредот се приклучува со новите MDR-1ABT слушалки од Sony.
Sony на саемот исто така ќе го претстави за прв пат и протипот на Hi Res аудио плеерот за во кола.
SmartWear
Од SmartWear прототипите, Sony ќе го претстави и Smart B-Trainer, сеопфатниот, лесен уред во форма на слушалки, за луѓето кои сакаат да трчаат кој е опремен со суштински сензори за трчање и можност за пуштање музика. Овој уред ги охрабрува корисниците да се држат до својата дневна рутина, олеснувајќи го прогресот преку автоматско одбирање на песни кое ја следи работата на срцето и нуди аудио водич за најразлични тренинг програми.
На штандот на Sony исто така ќе биде претставен за прв пат SmartEyeglass Attach! Концепт моделот за спортска намена, приклучлив дисплеј модел со единечни леќи кој беше најавен во Декември 2014. Овој модел на очила со висока резолуција ја користи предноста од уникатната OLED технологија од Sony којашто може да се вклучи и во производи од други компании, на тој начин подобрувајќи го искуството на корисниците со тоа што ќе им обезбеди суштински информации преку дисплеј во боја со висока резолуција. Моделот одлично се прилагодува за внатрешна и надворешна употреба, и ги надополнува SmartEyeglass очилата со транспарентни леќи – дизајнирани за девелопери кои треба да се појават на пазарот следната година. Sony ќе продолжи да ја проширува својата SmartWear линија на производи со нови концепти и иновативни форми кои ја следат нивната функционалност.
Life Space UX
На минатогодишниот CES саем, Sony го претстави новиот Life Space UX концепт, редефинирајќи го начинот на кој корисниците го користат животниот простор и на кој начин можат најмногу да добијат од истиот. Sony продолжува со комерцијализација на повеќе Life Space UX прототипи, следејќи го првиот производ од оваа линија - 4K Ultra Short Throw проекторот. Овој проектор, кога ќе се потстави на дното од ѕидот, го трансформира истиот во прозорец кон целосно нов свет со големина од 147 инчи и слика 4 пати појасна од Full HD. Овој производ беше ласниран во САД во септември минатата година. Бројни други иновативни Life Space UX производи ќе бидат претставени на пазарот оваа година, вклучувајќи го и звучникот во форма на LED сијаличка – кој одлично се вклопува во секој животен простор и го оживува со музика преку безжична конекција. Исто така се планира лансирање на преносен Ultra Short Throw проектор во форма на компактна коцка со должина на страна од 10 цм. Овој проектор може да проектира слика со големина до 50 инчи, овозможувајќи им на корисниците да гледаат филмови каде и да го постават уредот, без разлика дали се работи за масата во кујна или ѕид во бањата. Sony за прв пат исто така ќе претстави три модели на симфонично светло, уште еден светлосен и звучен уред којшто може да ја исполни просторијата со кристално јасен звук. Со овие и други уникатни производи, Sony ќе продолжи да создава нови начини на живеење преку проширување на визијата за Life Space UX.