Зоран Кардула до наставниците: Кажете им на учениците, дека меѓу нив има различни но исто толку вредни
Објавено во: Стил 27 Август, 2018
Познатиот македонски уметник, сликар, графичар и дизајнер, Зоран Кардула во пресрет на новата учебна година ги повикува надлежните од образование и сите просветни работници да го направат овој септември различен така што ќе оделат барем неколку минути и на своите ученици да им објаснат дека меѓу нив има ученици кои се различни, ученици кои се со нетипичен развој и дека сите ученици се подеднакво важни и дека иако се тие различни не се помалку вредни.
Неговиот статус ви го пренесуваме во целост.
„За една недела е 1-ви септември и би сакал еве јавно да упатам една молба до Министерот за Образование, молба од родител на дете со нетипичен развој и се надевам дека е во рамките на вашите ингиренции да упатите барање до сите просветни работници баш овој почеток на школската година да оделат барем неколку минути и на своите ученици да им објаснат дека меѓу нив има ученици кои се различни, ученици кои се со нетипичен развој и дека сите ученици се подеднакво важни и дека иако се тие различни не се помалку вредни.
Направете го ова за да им дадете малку кураж на родителите кои овој период се во агонија од мисли како своето дете кое е со нетипичен развој ќе се справи во новата средина, во средина која знае да биде многу непријатна (ова го пишувам од лично искуство а секако тоа искуство го почуствувале барем 90 % од родителите на овие деца).
Направете да знаат дека своето дете го праќаат во средина која е спремна да го прифати нивното дете и дека тоа дете ќе биде опкружено со емпатија и поддршка. Многу ќе им значи на родителите а бенефитот кои ќе го добијат учениците е непроценлив“.-пишува Кардула.
Имено, Кардула со неговата сопруга Домника и двете ќерки Теано и Ерато важат за големи борци и активисти за права во општеството. Но, како што вели тој, во интервјуа за медиумите ги лутат многу работи. Лицата со попреченост се на маргините на општеството и се дискриминирани по многу основи, почнувајќи од образовен, здравствен и од социјален аспект.Графичкиот дизајнер и активист пред точно една година почна да објавува на Фејсбук по еден збор или реченица од јазикот на неговата ќерка Ерато, чија дијагноза е аутистичен спектар на нарушување.
„Одевме насекаде во земјата и регионот на консултации, посетувавме логопеди, дефектолози, но официјална дијагноза не добивме. Ние знаевме дека е аутизам, но не и докторите. Кога наполни 7 години, Ерато на хартија имаше дијагноза - аутизам“.
Кардула ја напиша книгата „Гуш и бац“, составена од 47 зборови, кои ги изговара неговата ќерка, Ерато, која има 11 години.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.