18 Мај, 2024
0.0277

Зорт политики резултати не даваат!

Објавено во: Економија, Колумни 15 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Како што власта тргнала да  вработува, Македонија кај и да е ќе остане без невработена работна сила. Постојаното повторување дека во изградбата на патната и железничката инфраструктура се ангажираат  се‘ повеќе градежници и брзопотезната најава за трансформирање на договорниот работен однос  во постојан на 3.000 работници во администрацијата и особено најавата и започнувањето на проектот „Македонија вработува“  упатуваат за заклучок дека власта прокламира „голем скок“ во вработувањето. Идентичен таков „голем скок“  промовираше и Мао Це Тунг при индустријализацијата на Кина, но скок кој неславно пропадна, бидејќи ги негираше економските законитости. И сега, се постапува како вработувањето да е  прашање на желба, па кога ќе му се посака на лидерот може да пристапи кон реализацијата на било која замисла во оваа сфера.

И на нашата политичка елита и е повеќе од јасно дека вака не оди, но е во зорт. Мора да се амортизираат детонациите од бомбите на опозицијата, инаку зошто овие политики не ги прокламирала од порано и не ги применувала со уште поголем инензитет? Волунтаристички администрацијата може да се трупа неограничено, дури не мора да имаат и работни места во институциите, а субвенционирањето може да биде уште поголемо. Но, тоа не бива. Се знае дека ваквите мерки не чинат и се доведува во опасност нормалното  функционирање на економијата.

И сега што имаме?  Пазарните принципи во ангажирањето на работната сила  интензивно ги супституира власта,  прибегнувајќи  кон „акции“за варботување, со тоа што  сега  ги нарекува „проекти“. Никој не може да каже колку приближно работници ќе најдат работа. Засега, за власта е важно  да се зборува за што поголеми бројки во одделни проекти. Не се дава проценка за вкупната бројка. Веројатно, за да не се коментира дали се остварила или не. Намерата е да се поврати довербата на големиот број на невработени гласачи, разбиена со содржините на „бомбите“ особено околу посветеноста на власта во решавањето на проблемите и во ангажирањето за одржување на власта по секоја цена.

Воздржувањето од проценка на можностите за вработување во Македонија е сосема оправдано. Годишните порасти на вработените многу осцилираат. Во изминатите 8-9 години  најголем пораст на бројот на вработените е забележан во 2013 година- 28.000 , а во 2012 година само 6.000 работници. Просекот за целиот период изнесува околу 15.000 нововработени. Изненадување е што и покрај најавите за големи вработувања во 2014 година  бројот на вработените се зголеми за само 11.000 нововработени. Да се надеваме дека годинава бројот на вработените ќе се зголеми барем за просекот во изминатиот период.

Во овој контекст, многуте информации само ја згуснуваат маглата околу можностите за вработување во земјата. Со повторувањето на едни исти информации за вработување на голем број работници во различни средини (да се создаде впечаток и за рамномерен развој)  се стекнува впечаток дека со годинешниве вработувања  ќе се означи почетокот на крајот на невработеноста во Македонија.  Меѓутоа, објективно гледано, далеку сме од таква ситуација. Бројот на невработените е огромен, а економските потенцијали за производно ангажирање на работници е ограничен  од проста причина што инвестиционата клима за домашниот бизнис е редуцирана и  се води борба само за преживување.

Крајно време е вработувањето да се посматра како интеракциска врска со развојот на земјата, а не како   „вработување заради вработување“, за да се подобрат политичките рејтинзи на партиите и лидерите. Таквиот пристап секогаш завршува со кризи во развојот, за чие решавање ќе биде потребно подолго време  отколку кога не би се преземале антипазарни мерки на вработување.  Динамиката на вработувањето не е прашање на желба. Таа е економски оправдана само диколку би се остварувала во согласност со објективните потреби на економските субјекти да ангажираат работна сила за да остварат поповолни економски ефекти. Вработувањето заради вработување е потез со кус дострел. Моментно ублажува социјални тензии, но, на среден и долг рок, станува товар кој економијата ја влече назад. Вработените работници со акции, од фактор на развојот, стануваат кочница, поради тоа што со нив се зголемува цената на трудот, се смалува продуктивноста на трудот и конкурентноста на домашното стопанство. А сето тоа влијае неповолно врз остварувањето на целите  за  вклучување на стопанството во меѓународната поделба на трудот и одржлив развој, врз таа основа.

Не треба да заборавиме дека работната сила е фактор во економските активности и има пазарна цена. Бизнисмените ангажираат работници само доколку цената на трудот им се вклопува во пресметките за рентабилно работење. Во овој контекст станува мошне важно да се проанализира што всушност значи нагласената потреба да се субвенционираат платите за да се зголеми бројот на вработените. Економската логика е неспорна. Ако износот на субвенциите биде мотив да се вработат определен број работиници во извозно ориентираните капацитети тоа значи дека стопанството или исплаќа високи плати (што очиледно не е така) или има проблем со преценетиот девизен курс на националната валута (девизните приходи што ги остварува со извозот конвертирани во денари не им обезбедуваат рентабилно работење). Со оглед на фактот што првиот фактор се исклучува останува проблемот на курсот, кој не е реален. Тој не е поместен во однос на еврото од 1997 година иако инфлацијата во земјата растеше со побрзо темпо од порастот на инфлацијата во еврозоната.

И сега наместо да се трудиме да обезбедиме реално вреднување на домашната парична единица што представува еден од главните предуслови за реално вреднување на факторите за производство, што пак би резултирало со обезбедување на побрз економски развој, а со тоа и решавање на проблемот со невработеноста , власта продолжува да се залажува со мерки во кои и самата не верува.

д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа