18 Декември, 2025
0.0434

Зошто акцијата на „Тиквеш“ е магнет за инвеститори?

Објавено во: Економија 19 Март, 2019 06:50

Добивај вести на Viber

Нето добивката по акција е 10,5 евра, а тоа е потенцијален принос од 12 отсто на последната пазарна цена на акцијата на “Тиквеш“. Продажбата на компанијата расте во континуитет, а расте и неговата добивка. Резултатите покажуваат дека позитивните очекувања на инвеститорите во акции имаат реална основа. А баластот за камати по кредити е помал за третина. На секое вложено евро во маркетинг компанијата има приход од продажба од 11,4 евра

Најголемиот македонски производител на амбалажно вино и ракија, кавадаречки „Тиквеш“ лани направи приходи од продажба од 25,83 милиони евра и тие во однос на претходната година се поголеми за 2,2 милиони евра односно за 9 отсто, покажуваат официјалните податоци на најпозната македонска винарска визба за 2018 година достапни на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

На домашниот пазар „Тиквеш“ лани реализирал приход во износ од 14,9 милиони евра што е за 9 отсто повеќе од претходната година. Извозот на „Тиквеш“ лани надминал 11 милиони евра и во однос на 2017 година е поголем за 10 отсто. 
Овие податоци покажуваат дека вложувањето во акции на „Тиквеш“ на среден рок треба да биде добра инвестиција и покрај тоа што цената на таа акција во последниве шест месеци бележи значаен раст и покрај тоа што компанијата досега не дели дивиденда.

Бруто добивката на крај на 2018 година изнесува 10,65 милиони евра, а компанијата продолжува да вложува во стратегијата за промоција. Нејзините трошоци за маркетинг и продажба односно дистрибуција лани достигнале 2,26 милиони евра и се за 33 отсто повисоки од истите во 2017 година. Компанијата во континуитет вложува во маркетинг, а ефект има затоа што перманентно растат и нејзините приходи од продажба дома и во странство и тоа во остра конкуренција со домашни и со производители на вина на меѓународните пазари. Оперативната добивка стагнира и е на речиси исто ниво како и во 2017 година и изнесува 3,6 милиони евра.

Значајна расходна ставка остануваат да бидат трошоците за камати. Финансиските расходи за 2018 година се 570.000 евра. Тоа е значаен износ, но многу е важно да се истакне дека тие се за 26 отсто помали од истите во 2017 година. Тоа е охрабрувачка вест за инвеститорите затоа што трендот на намалување на овие трошоци ќе следи и во иднина и тоа позитивно треба да влијае врз идните добивки на компанијата.

Вкупната добивка за 2018 година е за 15 отсто повисока од претходната година и изнесува 2,85 милиони евра. Тоа значи дека нето добивката по акција за лани е 10,5 евра. Во однос на последната пазарна цена потенцијалниот принос е 12 отсто!

Многу значајно е да се истакне дека обврските на „Тиквеш“ на крај на 2018 година достигнале 19,2 милиони евра и пораснале за 10 отсто во споредба со претходната година. Огромен раст има кај краткорочните кредити. Тие пораснале за три пати во однос на претходната година и изнесуваат повеќе од 2 милиони евра. Наспрема тоа се намалиле дологорочните обврски на компанијата за 0,9 милиони евра и тие се 8,58 милиони евра на крај на 2018 година. 


Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје