19 Декември, 2025
0.1582

Зошто Андреас Елснер заминува од позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком ?

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2018 11:42

Добивај вести на Viber

Андреас Елснер, Главниот извршен директор и член на Одборот на директори на Македонски Телеком заминува од компанијата од1 јули 2018 година.

На позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком беше назначен во мај 2017 година и под негово водство компанијата бележи позитивен пресврт во работењето преку најдобрата мрежа, иновативното портфолио на производи и најдоброто корисничко искуство. Тој заминува од компанијата со успешни резултати во првото тромесечје од 2018 година, со раст од 2,6% во однос на минатата година и водечкипозициониран бренд. 

Информација за неговите идни професионални предизвици ќе следи наскоро.

Г-дин Елснер дојде во Македонија во 2014 година како одговорен на Секторот за управување со односи со корисници и корисничко искуство, а набрзо потоа, во 2015 година станува Главен оперативен директор за приватни корисници со клучна улога во развојот и спроведувањето на стратегијата за конвергентни решенија и услуги, којашто беше вистински предизвик на пазарот. Денес, секое десетто семејство во Македонија ги користи предностите на Magenta 1, пакет конвергентни услуги од Македонски Телеком. Една од неговите цврсти определби е компанијата да го предводи патот на дигитализацијата на македонското општество, преку конкретни проекти како што е создавањето на првиот Инкубатор за дигитални таленти. Посветено работеше на создавање „паметни“ решенија за подобри еколошки услови во градовите.

Стратешките проекти, предводени од Андреас Елснер ќе овозможат долгорочна одржливост во работењето на компанијата. Како резултат на овие достигнувања, Македонски Телеком ќе може да се справи со идните предизвици, да го предводи патот на дигитализацијата на општеството и да ја задржи позицијата на најдобар оператор на конвергентни услуги. 

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка