Зошто британскиот амбасадор Чарлс Гарет ја посети агенцијата за медиуми?
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016
Денес во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги претставници на Агенцијата одржаа средба со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет.
Фокусот на посетата беше во насока на мониторингот на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските сервиси за време на изборните процеси и улогата на регулаторното тело за време на изборните процеси.
Двете страни се согласија дека ваквата соработка треба да се унапредува и продлабочува и во иднина.