16 Декември, 2025
0.0728

Зошто Црна Гора му кажа „не“ на Мекдоналдс?

Објавено во: Балкан 14 Април, 2014 11:55

Добивај вести на Viber

Синџирот ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ се распространети низ целиот свет, но има неколку земји, меѓу кои и Црна Гора кои отворено ја одбиле понудата на популарниот бренд и му кажале „не“ на фаст фуд гигантот, пишува американскиот магазин Дејли мил, специјализиран за храна. Според весникот, Црна Гора се спротивставила на глобализацијата и не сака да им дозволи на големите глобални брендови да доминираат со пазарот. „Дејли мил“ потсетува дека „Мекдоналдс“ уште пред 10-тина години бил присутен во главниот град на Црна Гора, Подгорица, со мал мобилен ресторан кој работел само во текот на летото. „Беше популарен и работата одеше добро, но Владата не го сакаше. Црна Гора долго беше отпорна на големи брендови кои се стремат кон доминација на пазарот и ги исклучуваат малите бизниси“, се наведува во текстот. Според весникот, Владата објаснила дека е загрижена и за здравјето на своите граѓани, па затоа одлучила да застане на страната на локалните ресторани. Но, за црногорските медиуми ова не е доволно образложение. „Сепак, прашање е е дали Владата, и покрај тоа што го добила Мекдоналдс, го имала на ум здравјето на граѓаните, ако се знае каква храна и во какви услови се продава низ целата држава“, пишуваат медиумите во Црна Гора. Според американскиот магазин, за доаѓање на брендот на „Мекдоналдс“ во Црна Гора лобирале и одредени служби во американската амбасада во Подгорица, но ни тоа не помогнало. До неодамна во Македонија имаше ресторани од брендот на „Мекдоналдс“, но франшизата им беше одземена. Со отворањето на ресторан во Босна и Херцеговина „Мекдоналдс“ ја затворил фазата на ширење во Европа и сега не размислува да отвори ресторани во други европски земји, информирале од европското седиште на оваа компанија.  

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени