Зошто десетици илјади луѓе го напуштаат Париз?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 30 Октомври, 2020
Колони долги 700 километри се забележани на излез од Париз.
Франција оди во карантин, а десетици илјади жители на француската престолнина вчеравечер создадоа масовeн метеж во сообраќајот.
На луѓето им е наредено да останат дома и да излегуваат само ако имаат потреба да заминат на лекар, во продавница или на работа.
Секој граѓанин кој ќе излезе од дома ќе мора да има документ со кој го оправдува својот излез, а проверките ќе ги врши полицијата.
Училиштата ќе останат отворени, но универзитетите ќе се затворат. Кафулињата и рестораните, ќе бидат затворени, како и продавниците, освен сервисите за поправка на автомобили, супермаркетите, пералните, оптичарските и фармацевтските работилници.
Франција денеска има нови 47.637 заразени со коронавирусот. Вчера имаа 36.437 нови случаи, а во неделата рекордни 52.010. Во Франција од коронавирусот починаа повеќе од 36.000 луѓе.Освен Франција, во карантин оди и Германија.
Инаку, деновиве во Франција имаше терористички напади, поради што на улиците ќе има неколку илјади војници повеќе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.