19 Декември, 2025
0.0430

Зошто експлодира цената на акцијата на прилепски „Мермерен комбинат“?

Објавено во: Финансии 16 Август, 2017 07:53

Добивај вести на Viber

Прилепската компанија го скрши мразот и прва во 20 годишната корпоративна историја исплати авансна дивиденда од добивката што ја оствари во првото полугодие годинава. Ако овој пример го следат и други домашни компании може да дојде до значајно раздвижување на пазарот на капитал и да извлече на „светло“ значаен дел од милијардата евра кои сега „дремат“ по трансакциски сметки во домашните деловни банки. А зошто да не?

Падна првата одлука за исплата на авансна дивиденда во дваесетгодишната корпоративна историја на независна Република Македонија. Прилепски „Мермерен комбинат“, компанија во доминантна сопственост на грчки инвеститори, одлучи да подели авансна дивиденда од добивката што друштвото ја оствари во првата половина од годинава. Дивидендата во нето износ ќе биде 40 денари за акција, а вкупно ќе бидат поделени 210,4 милиони денари во бруто дивидедна, ова е одлучено на акционерското собрание на таа компанија одржано на 11 август, а одлуката е објавена на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Нето добивката на компанијата е 290,7 милиони денари и таа е 38,4 отсто од приходите од продажба. Акционерите одлучија авансно да си ја повлечат добивката за половина година во вид на авансна дивидена. Прилепскиот Мермерен комбинат во првата половина од годинава  оствари приходи од продажба во вредност од 757,4 милиони денари (околу 12,27 милиони евра) и тоа претставува раст на приходите од продажба за 120 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци од билансите што ги објави таа компанија деновиве на информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност. Како што објави „Фактор“ прилепската компанија според полугодишните финансиски извештаи има фантастично подобра година од лани. Целиот текст може да го прочитате на следниот линк .

Експлозија на цената на акција на прилепски „Мермерен комбинат“!

Акцијата на оваа компанија на 15 август, вчера, достигна цена од 1.000 денари што е пораст од 67 отсто во однос на последната реализирана цена на таа акција. Беа истргувани само 24 акции и тоа е многу мала количина за некоја сериозна анализа, но факт е дека пазарот реагираше многу позитивно на таа акција. Претходно последното тргување со таа акција било на 21 јули 2015 година кога била продадена по цена од 600 денари за акција. Вкупно на понуда, т.е. слободни акции кои можат да бидат тргувани, има околу 52.200 акции кои ги поседуваат 90 домашни физички лица и тие престставуваат 1,12 отсто од сите акции во таа компанија. Другите 98,4 отсто од акциите ги поседуваат две грчки правни лица, а 2 странски физички лица поседуваат уште 0,45 отсто од акциите.

Можно е свое влијание врз цената на таа акција да има и фактот што оваа компанија лани исплати 8 милиони евра дивиденда, од кои во Македонија останаа помалку од 100.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани