Добивај вести на Viber
Владата на соседна Грција ќе постави звучници на границата со Македонија, со цел да ги убедува мигрантите, кои се наоѓаат таму да ги игнорираат гласините дека балканската рута повторно ќе биде отворена.
Над 15.000 лица или една третина од сите блокирани мигранти во Грција, одбиваат да се преместат во центрите кои ги подготвила Владата и стојат на границата со Македонија и на пристаништето Пиреја кај Атина.
Портпаролот на Канцеларијата за координирање на миграциската политика, Јоргос Кирицис вели дека властите се мачат да се изборат со дезинформациите на социјалните мрежи дека границите повторно можат да бидат отворени.
„Кога луѓето се очајни гласините се шират како шумски пожар“ - рече Кирицис.
На границата со иста цел ќе бидат испратени и преведувачи.