24 Мај, 2024
0.0275

Зошто Илија Гечев купи 16,6 отсто од „Макошпед“ за 413.000 евра?

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

ИГМ е една од најголемите домашни извозно ориентирани компании, а логично објаснување за вложувањето во „Макошпед“ преку купување акции може да биде потребата за сопствен шпедитер. 


Како ќе се одрази овој чекор на Гечев во односите со Накови од „Фершпед“ каде „Макошпед“ е најголем поединечен акционер?





„ИГМ Трејд“ од Кавадарци, една од најголемите извозно ориентирани домашни компании, вложи 413.000 евра и купи 16,6 отсто од акциите со право на глас во шпедицијата „Макошпед“. Оваа информација ја потврди и „Макошпед“ согласно со правилата на Македонската берза. Продавач на акциите во „Макошпед“ е скопската компанија „Ултимус“ која повеќе не е акционер во структурата на шпедитерската компанија и по долги години ги продаде своите акции на кавадаречки „ИГМ Трејд“. „Ултимус“ имаше 14, 18 отсто од акциите и повеќе не е во структурата на акционери кои поседуваат над 5 отсто од акциите во „Макошпед“, а воопшто не е ниту акционер во „Макошпед“.

Како што објавивме  во 30 трансакции беа истргувани 16,6 отсто од акциите на оваа шпедитерска компанија и за нив беа платени 412.900 евра. Ценовната маргина во која се тргуваат акциите е еден денар од 194 до 195 денари за акција. „Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста достави прашања до „ИГМ Трејд“ Кавадарци во кои побара објаснување од кои причини компанијата одлучила да влезе во акционерската структура на „Макошпед“ и дали планира да продолжи да инвестира во акции на оваа шпедиција. Доколку добиеме одговори од „Макошпед“ ќе ги објавиме во целост.

Официјалните податоци од базата на Централниот депозитар на хартии од вредност покажуваат дека во период од една седмица (период во кој и се ажурираат податоците во ЦДХВ) има три промени во акционерската структура. Прво кај домашните правни лица. Бројот на такви акционери се намалил за 1 правно лице што значи дека „Ултимус“ целосно излегол од акционерската структура и сега има 27 домашни компании кои имаат акции во „Макошпед“. Истовремено бројот на акции кои ги поседуваат тие 27 друштва изнесува 609.540 акции со право на глас што значи дека нивниот број се зголемил за 220 акции. Бројот на домашни физички лица кои имаат акции во „Макошпед“ изнесува 682 лица и е за 3 помалку од претходниот период, а износот на акции кои тие ги поседуваат изнесува 172.517 односно 250 акции повеќе од претходната состојба.

Да не заборавиме дека увертира за овие случувања во „Макошпед“ имавме уште во септември лани кога инвеститор за 110.700 евра купи 38.000 акции во „Макошпед“ во една блок трансакција. Тоа е околу 4,8 отсто од акционерската главнина и досега тој инвеститор не е познат на јавноста што значи дека кога ги купил тие претходно немал акции во „Макошпед“. Чиј сојузник ќе биде овој таинствен купувач дополнително ќе дознаеме.

Што е „тајното оружје“ на „Макошпед“?

„Макошпед“ е релативно мал субјект на пазарот со шпедитерски услуги во земјава. За да се сфати најдобро значењето на „Макошпед“ во одредениот контекст т.е. во шпедитерскиот бизнис важно е следното: „Макошпед“ е најголем поединечен акционер во „Фершпед“ – најголемата шпедитерска компанија во Македонија. Ова значи дека кој има контрола врз „Макошпед“ значајно учествува односно се прашува и при носењето на важни акционерски одлуки во „Фершпед“. Според официјалните податоци „Макопшпед“ има 12,9 отсто од акциите со право на глас во „Фершпед“. Синовите на Штерјо Наков поранешниот долгогодишен прв човек на „Фершпед“ се следни на листата акционери: Драган Наков има 11,83 отсто од акциите, а Сашо Наков поседува 11,04 отсто. Кондиторската компанија „Европа“ има 8,17 отсто, а фирмата „Супер Х Трејд“ контролира 6,76 отсто од акциите. Во сопствен откуп „Фершпед“ поседува 9,99 отсто од акциите кои во овие услови се без право на глас и без право на дивиденда.

Значајно за „Макошпед“ е и тоа што има голема дискрепанца меѓу пазарната цена на акција и нејзината книговодствена вредност. Поточно книговодствената вредност е за повеќе од 4 пати поголема од нејзината последна пазарна цена.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?