16 Декември, 2025
0.0565

Зошто имаме илјадници празни станови во повеќето македонски градови?

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2022 07:17

Добивај вести на Viber

Илјадници ненаселени станови има во градовите низ Македонија.

Од вкупно 839.174 станови во државата, 307.187 или 36,6 отсто се ненаселени, покажа пописот на населението, домаќинствата и становите направен во 2021 година, а објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ако одиме по градови, во Скопје има 59.300 ненаселени станови, во Куманово 12.586, во Тетово 9.747, во Битола 16.063, во Прилеп 11.094, во Охрид 17.820, во Кавадарци 4.107 ненаселени станови. Статистиката покажува дека во Струмица има 8.570 ненаселени станови, во Струга 10.153, во Берово 4.947, во Неготино 2.057, во Штип 7.115, во Свети Николе 2.144, во Кочани 7.099, во Радовиш 3.831, во Велес 4.147, во Гевгелија 3.534, во Дојран 2.150, во Делчево 2.164, во Пехчево 1.579, во Македонска Каменица 1.109. Бројките покажуваат дека во Виница има 2.682 ненаселени станови, во Валандово 990, во Пробиштип 3.278, во Ресен 4.280, во Гостивар 12.404, во Кичево 12.992, во Дебар 2.512, во Крива Паланка 5.269, во Кратово 2.787, во Демир Капија 901, во Демир Хисар 4.208, во Богданци 713 и во Македонски Брод 2.248. Во Крушево според пописот има 1.302 ненаселени станови.

Агентите за недвижен имот се со различни мислења. Некои сметаат дека станува збор за голема бројка, а од друга страна велат дека високите цени на квадрат, хаосот кој владее општо во државата води до тоа да имаме илјадници празни станови. Дополнително, велат дека акцентот е ставен на главниот град и Охрид, тие се атрактивни места за купување на недвижен имот, но другите места се подзаборавени.

„Мислам дека луѓето кои имаат пари, купуваат станови, ги вложуваат средствата во недвижнини, но не живеат во тие станови. Познавам луѓе кои купуваат втор или трет стан“, велат од охридска агенција за недвижен имот.

Од агенцијата „Дематели“ од Велес, велат дека иселувањето е фактор кој доведе до голем број празни станови.

„Веројатно се мисли на празни живеалишта, вкупно, куќи и станови. Велес е некаде 60 отсто со куќи, а другите 40 отсто отпаѓаат на станови, меѓутоа половина од куќите се или празни или полу празни“, додаваат од „Дематели“.

Во однос на податоците за Дојран, Николчо Митковски, сопственик на агенцијата за недвижен имот Дојран Билдинг Инвестмент објаснува дека во овој туристистички град само мал дел од становите се населени преку целата година.

„Во Дојран можеби 10 отсто од становите имаат постојани жители, а другите станови функционираат викендашки, така што има луѓе за 1 Мај, 2 Август, јули месец, значи некаде 30 дена во годината има народ, а во остатокот од годината се празни“, вели Митковски.

По региони најмногу празни станови има во Југозападниот регион каде од вкупно 51.348 станови над половината се ненаселени.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети