Зошто Кочо Анѓушев ја напушти вицепремиерската позиција?
Објавено во: Економија 19 Мај, 2020
Најдобриот претприемач меѓу академиците и најучениот меѓу бизнисмените потроши малку повеќе од две години „рвајќи“ се со „зарибаната“ администрација и помина како Дон Кихот. Како и секој паметен човек, попушти. На почетокот на годинава, со манир на човек што знае и има такт кога да повлече прав потег се повлече од вицепримиерската функција. Со одлично образложение – идат избори, а во период до избори нема што да се работи освен да се губи време во управување со извршната власт зашто резултати не може да има. И веднаш излезе шпекулација дека ги оставил фирмите па работата во нив не оди како што одела додека тој бил таму. Се врати да го води „Фероинвест“ – фирмата во која е ко-сопственик заедно со братот Тодор и со уште едно лице. Лани профитот на „Феро Инвест“ паднал за 13 отсто, а приходите на „Брако“ се намалиле за 13 отсто. Профитот на една од малите хидроцентрали кои ги ко-поседува „Феро Инвест“ паднал за 97 отсто
Кочо Анѓушев се врати да го работи она што најдобро знае – се врати во бизнисот. Од почетокот на оваа година се повлече од вицепремиерското место и главен човек за економски работи во Владата. Анѓушев се врати на челното место во „Феро Инвест“ фирма во која е ко-сопственик заедно со брат му Тодор и со уште еден партнер – Никола Гравчев. Преку ко-сопствеништвото во „Феро Инвест“ Анѓушев е ко-сопственик во уште 12 фирми од кои најголемата е металната индустрија „Брако ДОО“ од Велес, родниот град на Кочо Анѓушев.
„Феро Инвест“ е компанија регистрирана за трговија на големо со други машини. Ова друштво лани остварило приход од 5,6 милиони евра, што е за 79 отсто подобар резултат од 2018 година. Профитот на оваа компанија лани паднал за 13 отсто во однос на 2018 година и изнесува 1,1 милиони евра.
„Брако ДОО“ е најголемата компанија во која Анѓушев е косопственик. Поранешен пропаднат државен гигант купен како старо железо и целосно вратен во кондиција – ова е најуспешната бизнис приказна на Анѓушев (секако после ЕДС н.з.). Оваа компанија регистрирана за фабрикување метални производи односно е метална индустрија. Лани, не беше една од добрите години на „Брако“ од аспект на остварените приходи. Тие се за 13 отсто пониски од 2018 година и изнесуваат 23,55 милиони евра. За разлика од приходите , профитот е на исто ниво од 2018 година и изнесува 1,1 милиони евра. Во „Брако“ партнер на „Феро Инвест“ е компанијата „Трго фер“.
Анѓушев преку „Феро Инвест“ е ко-сопственик во уште 11 компании од кои 10 се регистрирани како производители на електрична енергија (станува збор за мали хидроелектрични централи н.з) и една компанија за технички прегледи, испитувања и анализи.
Од овие 10 хидро електрични централи само за една има финансиски податоци за 2019 година. Тоа е компанија Мали Хидроелектрани во која Феро Инвест е партнер со скопски Гранит. Билансот е благо речено поразителен. Компанијата лани има приход од 1,2 милиони евра што е за 23 отсто послабо од 2018 година и пад на профитот од 97 отсто. Добивката за 2019 година на Мали хидроелектрани изнесува 3.800 евра.
За другите девет мали хидроцентрали: Албнор, МХЕ Тополки, Езеро МХЕ, Аквават, Студенчица Мали хидро ДОО, МХЕ Јабланица, Хидро Осогово, МХЕ Падалишка и Хидроген енерџи груп во кои „Феро Инвест“ е во партнерство со по една или повеќе фирми уште нема финансиски податоци.
Повеќе за Кочо Анѓушев може да прочитате на следниов линк Каде се враќа Кочо Анѓушев?
Р.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.