19 Април, 2024
0.0249

Зошто Македонците тешко се одлучуваат да засадат ф’стак иако климатските услови се погодни?

Објавено во: Агробизнис 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Иако ф’стакот може да успее на македонска почва, и е рентабилен, сепак не е широко застапен во земјава. Мал е бројот на луѓе кои се охрабруваат да се занимаваат со производство на ф’стак.

Дипломираниот земјоделски инжинер Елизабета Митровска  од Опитно Поле ФЗНХ Дооел Скопје вели дека претходната садна сезона е подигнат насад со ф’стаци во Скопскиот регион. Луѓето го имаат садено и на помали површини. Според неа, интерес  има, но поради високата цена на садниот материјал луѓето тешко се одлучуваат за одгледување ф’стак. Една садница чини 25 евра. Од година во година трошоците се менуваат. Митровска објаснува дека климата е најважниот фактор за овој вид дрво. Ф’стаците бараат долго, топло, суво лето и студ во зима, но не толерираaт почва што се замрзнува. Оние кои ќе се одлучат да засадат ф’стак треба да знаат на кој начин да го одгледуваат.

„Тие бараат приближно 1.000 акумулативни часови температура на или под 7 °C за време на мирување. Животната средина треба да биде сушна. Фисташките дрвја не функционираат добро во области со висока влажност. Ф’стаците имаат најскромни барања за животна средина од која било комерцијално одгледана култура. Цветовите на дрвото се опрашуваат со ветер, така што пролетниот и летниот ветер се исто така неопходни за да се обезбеди добар принос. Почнува да цвета во текот на месец март, цветовите се ситни, коренот е вретенест и влегува во почвата до 7 метри. Добро поднесува температури разлики од -30 дп +42 С. Иако се смета за толерантен на суша, ф'стакот систематски дава повисоки приноси кога е достапна вода, особено во текот на летните месеци. Општо земено, водениот стрес го промовира феноменот на алтернативно плодоносење. Ф’стаците имаат големи потреби за вода особено за време на полнењето на јаткастите плодови (лето). Сепак, земјоделците не смеат да доставуваат многу големи количини вода на неколку сесии кај зрели дрвја, бидејќи вегетацијата на дрвото може да расте прекумерно и тоа може негативно да влијае на отворањето на плодот. Во повеќето случаи, земјоделците обезбедуваат најмалку 4-6 сесии за наводнување во текот на продуктивниот период во лесни и добро исцедени почви. Вообичаена шема на наводнување вклучува наводнување на млади дрвја во текот на зимата, веднаш по садењето, а потоа 8 пати во текот на првата вегетативна сезона до есен. Во следните години, наводнувањето се применува од пролет до есен (од април до септември ), во текот на 4-8 сесии за наводнување. Според ова во нашата земја има одлични услови за одгледување“, додава Митровска.

Таа вели дека наводнувањето е важно бидејќи недостиг на вода доведува до намалени плодови, но и премногу вода придонесува за големи плодови кои од друга страна немаат добар вкус. Медитеранската клима е погодна за одгледување на ф’стакот, но сепак во првите неколку години е пожелно да има наводнување, за развој на кореновит систем.

„Кога имаме ограничени можности за наводнување најдобро е да се применува мулчирање,односно затревување на меѓуредниот простор со трева или друга органска материја, така ќе се спречи да се појавувааат плевели и не се дозолува да се губи влага од почвата“, објаснува Митровска.

Вели дека во однос на рентабилноста секако е исплатливо одгледувањето на ф’стаци поради вискоката цена на финалниот производ и малата количина на понуда од производи. Производот може да се чува подолго време ( нема потреба веднаш при берба да се продава). Ф’стакот како растение е долговечно, и може се одгледува и до 100 години. 

Но, треба да се внимава и на болестите кои ги напаѓаат овие дрвја.  Вертицилиум венеење е габично заболување кое се пренесува преку почвата, и кое навлегува во дрвото на ф'стакот преку кореновиот систем и конечно може да го уништи дрвото. По неколку години, всушност ја блокира водата и хранливите материи кои треба да се пренесат од корените до горните делови на дрвјата, што резултира со колапс на цели гранки. Гниењето на коренот на фитотора е габично заболување кое се пренесува на почвата. Патогенот првично ги напаѓа корените и ги прави слаби. Ова ќе ја блокира водата и хранливите материи кои треба да се пренесат од кореновиот систем до горниот дел од дрвото. Како резултат на тоа, ф'стаците ќе страдаат од бавен раст, дефолијација и намалено множење и производство на плодови.

САД, Иран, Турција, Германија, Виетнам, ОАЕ се земји каде масовно се произведуваат ф’стаци и изминативе години тие се вброија меѓу најголемите извозници.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/AndreyStar

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари