Зошто младите очајно сакаат да се иселат од Македонија?
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2018 16:42
Средношколците и студентите сакаат да се иселат од Македонија, со објаснување дека тука не гледаат иднина.
Властите не нудат мерки кои сериозно би делувале за да ги задржат младите и квалитетни кадри во Македонија.
Дека бројот на млади се намалува драстично сведочат и од училиштата во помалите општини.
„Јас во училиштето се вработив како професор, во 1998 година и тогаш имаше 880 ученици, по што десетина години имаше незначителен пад. Во последните 10 години бројката на ученици паѓа. Се случува „бела чума“. Иселувањето си го направи своето. Сега имаме 407 ученици од Малешевијата, од Берово и Пехчево. Тоа е помалку од половина за разлика од порано. Ги знам бројките за многу општини во провинција, и секаде има помалку од половина ученици за разлика од порано“, вели Сашко Корчовски, директор на СОУ„Ацо Русковски“ од Берово.
Лилјана Полевска, професорка по социологија во истото училиште раскажува дека младите имаат дипломи, но овде нема кој да ги награди за трудот кој го вложиле.
„Немањето работа е фактор кој ги тера да се селат, а знаат младите колкави се платите на Запад. Младите денес сакаат убав живот, и тоа го добиваат во странство. Таму функционира правна држава, и можат да завршат работа каде и да отидат, без да имаат „вујко владика“ или да имаат партиска книшка“, смета таа.
Според неа, не само младите, туку и луѓе над 40 години се селат од земјата.
Рубинчо Аризанкоски, Секретар во здружение Достоинствен Работник - Прилеп вели дека над 50 проценти од младите лица во земјава се невработени, луѓето до 25 години, најчесто со универзитетска диплома, но и останатото активно население со понизок степен на образование, многу често одлучува да мигрира во развиените странски земји. Додава дека тоа придонело до пред три години од земјава да се отсели една четвртина од вкупното население.
„Во време кога во земјата имаме масовна невработесност на младите, низок стандард, корупција, партиски вработувања, мали плати, побарувачката во странство станува сѐ поатрактивна. Но, можам да потенцирам дека некомпетентните и нестручните се радуваат што квалитетните кадри заминуваат од нашата земја, бидејќи им го заземаат работното место. Младите најчесто мигрираат во најатрактивните дестинации и тоа во Германија, Шведска, Америка, Австрија и Канада, но дел од младите заминуваат во Катар и Дубаи. Македонија мора брзо да го менува темпото за активно вклучување на младите во институционалниот систем преку младинска гаранција, но и да се дадат можности и предизвици за отворање на социјални претпријатија, или да биде поддржана и развиена некоја нова иновативност. Законските регулативи во земјата не се меѓусебно компетентни за да понудат брзи решенија за да младите останат во земјата“, вели Рубинчо Аризанкоски, Секретар во здружение Достоинствен Работник - Прилеп.
Студија на Фондацијата Фридрих Еберт која беше објавена во медиумите пред три години, покажа дека 53 отсто од младите сакаат да си заминат од земјава.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




