ЗОШТО НА РАМИЗ МЕРКО МУ ТРЕБААТ 24 НОВИ “ОПШТИНАРИ“ - и другите општини деновиве распишаа огласи
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2020 07:50
Доколку сте еден од двајцата среќници кои ќе се вработат на позициите за кои оглас распиша општина Струга, ќе земате плата од 40.000 денари.
Но, не само овие двајца, туку дури 24 луѓе во наредните денови ќе бидат вработени во општината на градоначалникот Рамиз Мерко.
Општина Струга пред четири дена распишала огласи преку Агенцијата за администрација за 24 нови работни места, од кои за сите е потенцирано од каква националност треба да бидат, односно главно од албанска, но и од турска, и многу помалку од македонска.
Платите се солидни, меѓу 15 и половина илјади денари за пониските позиции, потоа 22, 25, 26, 33, па се до 40 илјади денари.
Покрај Струга, огласи за вработување има и во неколку други општини во земјава, но во сите нив бројот на планирани нови приеми на работници е помал, меѓу еден до најмногу пет извршители.
Или вкупно, според пресметките на Фактор, во последниве десетина дена нашите општини распишале огласи за дури 50 нови вработувања.
Кои се позициите во администрацијата за што струшката општина итно распишув огласи за прием на нововработени.
Раководител на сектор за правни прашања и општи работи, кој ќе зема плата од 39.958 денари, а за кој во огласот е наведено дека исклучиво треба да биде Албанец. Неговиот помошник, пак, ќе биде платен со сума од 33.298 денари.
А, плата од 39.958 денари ќе зема и раководител на секторот за јавни дејности, позиција која исто така ќе се пополни, бидејќи за неа е објавен јавен повик.
Се бара и помлад соработник за нормативни работи, чија плата е одредена на 22.289 денари, а толку ќе зема и помладиот соработник за архивско и канцелариско работење. Месечни примања од 23.900 денари ќе зема соработникот за извршување на општинскиот буџет.
Исто така, на огласот се бара и виш соработник за администрирање на данок на наследство и подарок и данок на промет на недвижности, за кого е предвидено да биде платен 24.706 денари. Следуваат и повеќе други позиции кои се бараат, од кои многу од нив и за примамливи плати.
Општина Аеродром пак, бара двајца советник инспектор, односно општински градежен инспектор, кој би бил платен 29.220 денари, како и помлад инспектор за заштита на животната средина, кој би бил платен со 24.146 денари.
Огласи за вработување распиша и Берово, за три нови работни места, на пример советник инспектор - Општински градежен инспектор, кој би бил платен 29.220 денари, помлад инспектор за заштита на животната средина, со плата од 24.146 денари, како и помлад инспектор за туризам, Одделение за инспекциски работи, за плата од 24.146 денари.
Огласи за нови работни места распишале и во Крушево, каде ќе има две нови вработувања, во Битола, каде ќе има три нови вработувања, во Кисела Вода за еден нов извршител, Струмица за четворица, Липково за еден, Кичево за петмина, Гевгелија за тројца, а општина Чашка ќе има две нови вработувања.
Зошто на општините им требаат овие нови работници, во услови кога приватниот сектор, притиснат од кризата предизвикана од ковид памдемијата отпушта работници, треба да објаснат самите градоначалници.
Инаку, сегашните градоначалници ќе седат во своите градоначалнички фотелји уште помалку од една година, бидејќи локални избори треба да се одржат во октомври идната година.
Нина Нинеска-Фиданоска
Можеби ќе ве интересира
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата




