ЗОШТО НЕ Е ДОБРО ДА СЕ КОМБИНИРААТ ВАКЦИНИТЕ: Еве што вели доктор Мехмедовиќ
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2021
Не е добро да се комбинираат вакцините. Ова е ставот на доктор Злате Мехмедовиќ кој го кажа за Слободен печат.
Мехмедовиќ посочува дека ако две дози се примени од ист производител, третата не треба да се менува, туку да биде од истиот бидејќи на пример за Фајзер истражувањата, како што посочува се правени само во Америка а таму не се достапни вакцините на другите производители кои беа достапни и кај нас, па оттука и не е позната реакцијата доколку граѓаните примат таква комбинација на вакцини.
Мехмедовиќ вели дека не сака да го коментира ставот на надлежните во однос на тоа да се ревакцинираат граѓани со Фајзер а претходно да им е аплицирана вакцина од друг производител.
-Морам да напоменам, за да знаат граѓаните дека компанијата „Фајзер“ има податоци само за пациенти од американско подрачје, каде што ги нема вакцините што ги има кај нас, затоа и сметам дека влегуваме на непознат терен, со комбинација со вакцини од различни производители. На пример, во Америка, вакцинираните со „Модерна“ или „Џонсон и Џонсон“, не ги ревакцинираат со „Фајзер“ – објаснува д-р Мехмедовиќ за Слободен печат.
Имунологот Шеклер тврди-комбинацијата на вакцини дава покомплексен имунитет, СЗО предупредува да не се мешаатСпоред имунологот и вирусолог д-р Миланко Шеклер, комбинацијата на различни вакцини би обезбедила покомплексна имунолошка заштита од корона вирусот.
-Кога зборуваме за комбинација на различни вакцини, доколку се даваат по одреден редослед, се создава подобар имунолошки одговор на организмот, истакна д-р Шеклер, додавајќи дека идеална ситуација би била комбинација на вакцини против различни соеви на вирусот.
Сепак, бидејќи Србија сè уште не нуди вакцини против различни видови, д-р Шеклер посочува дека сите достапни вакцини се направени врз основа на првиот, таканаречен „Вухан“, сој, кои, доколку се комбинираат, исто така успешно ќе заштититат од сите видови на вирусот.
„Со комбинирање на различни вакцини се добива поцелосен и покомплексен имунитет, бидејќи различните вакцини подеднакво стимулираат различни делови на имунитетот“, посочува Шеклер.
Различни вакцини имаат одреден ефект врз различни делови на имунолошкиот систем, така што секоја од достапните вакцини поединечно има подобар ефект врз одредени делови на имунолошкиот систем, а самата комбинација, како што вели лекарот, ќе постигне подобар процес на имунизација против коронавирус. Истовремено пак, Светската здравствена организација, денеска излезе со предупредување да не се мешаат вакцините.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.