Добивај вести на Viber
И покрај тоа што подолго време се шпекулираше дека Apple конечно ќе пласира на пазарот евтин iPhone, тоа не се случи и со лансирањето на новиот iPhone 5C , пишува порталот Telefoni.com.mk. Сепак Apple дозволи да се прошират шпекулациите, во ниту еден момент не ја кажа целосната вистина и затоа изгради генијална маркетинг стратегија.
Компанијата ќе го продава iPhone 5C по цена од 99 долари, но само во САД и тоа со двегодишен договор. Неговата цена без договор и надвор од Америка, ќе изнесува вообичаени 500-600 долари. Притоа iPhone 5 ќе биде повлечен од продажба и заменет со iPhone 5C, кој е всушност идентичен смартфон, но изработен од пластика и во пет бои. Купувачите ќе помислат дека купуваат нов поевтин модел, но всушност го купуваат истиот модел во различна боја и направен од поликарбонат кој е многу поевтин од алуминиумот.
Apple наместо да ја искористи таа можност со заштедените средства за производство и да ги насочи кон пониска цена на смартфонот кој би бил подостапен за повеќе купувачи, ќе ја искористи за поголема заработка со високо поставената цена на телефонот без склучен договор. Но, оваа политика нема вечно да му носи огромни профити на Apple, бидејќи пазарот е променет од пред пет години, во игра се многу поквалитетни конкуренти како Samsung, Google, Nokia и други кои нудат евтини телефони со речиси идентични перформанси и голем избор на бесплатни апликации и содржини, а главен приоритет секако им се купувачите, од сите категории, а не само високата класа, пишува
порталот.
Во меѓувреме почнаа редиците пред продавниците на Apple за новиот iPhone 5S , што е вообичаена глетка по лансирањето на нов модел на Apple и говори многу за зависноста на луѓето од модерните алатки за комуникација.