19 Декември, 2025
0.0508

Зошто новите катни гаражи зјаат празни?

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2013 09:36

Добивај вести на Viber

Пред точно две години започна изградбата на дел од најавените осум катни гаражи во Скопје кои треба да обезбедат близу 3.000 паркинг места. Град Скопје, Јавното станбено претпријатие и општина Центар се јавуваат како инвеститори на гаражите во централното градско подрачје чија проценета вкупна вредност изнесува 30 милиони евра. Општината Центар ја гради катната гаража кај Судска палата, и уште две други, Град Скопје ги гради катните гаражи кај полициската станица Беко и кај Цветен пазар додека Јавното станбено претпријатие гради три катни гаражи кај МЕПСО, Холидеј Ин и кај Меморијалниот центар на холокаустот. Иако властите најавуваат дека целта на катните гаражи е да се растерети сообраќајниот метеж и да се реши проблемот со паркинг просторот, не се исклучуваше можноста и гаражите да остваруваат профит, особено бидејќи законот дозволува катните гаражи да функционираат како комбинирани објекти, со издавање и продажба на деловен простор. Веќе изградените Зебра и Импексел се катни гаражи кои повеќе се познати по комерцијалните содржини, отколку по паркирање Но, освен нив, новоизградените катни гаражи зјаат празни. На инвеститорите тешко им оди продажбата на деловниот простор. За гаражите кај Беко и Цветен пазар имаше дури три електронски наддавања кои завршија со продажба на само мал дел од вкупно расположливи 2.465 метри квадратни деловен простор во Беко и 1.230 метри квадратни кај Цветен пазар. Скап а неатрактивен деловен простор?! Упатените во бизнисот со недвижнини коментираат дека како една од главните причини за слабата заинтересираност е цената на деловниот простор. Речиси сите катни гаражи се градени на кредит, а инвеститорите се надеваа дека од продажбата на деловниот простор и продадените карти за паркинг ќе ги исплатат заемите. Но, со оглед дека почетната цена во катната гаража кај Беко изнесува 2.000 евра за метар квадратен, додека кај Цветен пазар е нешто пониска и изнесува 1.750 евра, а слични се цените и во другите катни гаражи, тешко дека кредитите ќе се вратат брзо. „Општо земено прометот со недвижности во земјава во последниот период е паднат за околу 40%.Прво економската моќ е многу намалена кај инвеститорите, друго, цените се многу високи. 2.000 евра за метар квадратен е ужасно висока цена и не верувам дека некој инвеститор би се залетал да отвора кафуле баш во катна гаража. Инвеститорите ќе мора да се откажат од заработувачката ако сакаат да имаат продажба“, вели Сашо Поп Илиев, од агенцијата за недвижности Хепинес. Само за катната гаража кај Судска палата  општина Центар зеде креди од 2,5 милиони евра. Иако инвеститорот се надеваше дека деловниот простор е идеален за адвокатски друштва бидејќи околу катната гаража се наоѓаат судовите, истите досега се покажаа како неатрактивни. На првите два огласа само мал дел од просториите се продадоа. Третиот оглас за продажба се поништи, бидејќи имало катастерски проблеми во некои од документите. С.Н

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата