Зошто руските олигарси оставаат сиромашни наследници?
Објавено во: Свет, Финансии 26 Јуни, 2016 18:30
Се почесто милијардерите се одлучуваат да го донираат своето богатство.
Михаил Фридман, кој според економското списание Forbes има богатство од 13,3 милијарди долари, ќе донира поголем дел од парите по смртта за добротворни цели и така нема да остави речиси ништо на наследниците.
Децата на 52-годишниот банкар може да останат со празни раце, пишува германскиот весник Handelsblatt.
„Најлошото што може да го направиш на своите деца, би било да им оставиш купче пари"- вели тој.
Тој се надева дека неговите деца ќе направат сами кариера и така нема да се потпираат на наследството.
Фридман вели дека неговите бизнис партнери сакаат да го следат неговиот пример.
Слични планови има и Александар Мамути, банкарот и сопственик на медиумскиот портал Rambler. Тој планира да остави на своите деца сосема мал дел од својот капитал - сума од 2,4 милијарди евра.
Сака да донира средства на образовни, научни институции и фондации кои работат во корист на земјата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





