Зошто Samsung Bespoke уредите се совршени за секој современ дом?
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2022 10:07
BESPOKE е посветен на страст и креативност. Со приспособливи бои и површини, тој отвора нов свет на можности за вашиот дом. Нурнете се во имагинацијата и изградете го совршениот BESPOKE дом токму како што сонувате!
За да се чувствувате што е можно поудобно во вашиот дом, а при тоа секојдневието да биде олеснето, трагаме кон едноставни и функционални решенија. Современите трендови не ја ограничуваат фантазијата од аспект на користење материјали. Сите бои и материјали се во игра: дрво, мермер, керамика, па дури и земјени тонови на мебел. Секоја просторија треба да е совршено стилизирана, а една од најважните во нашиот дом секако е кујната. Обидете се да ја замислите вашата кујна без фрижидер? Невозможно, нели? Едноставно кажано, овој уред е суштински со децении, а дизајнот на фрижидерот Samsung Bespoke е на секој начин привлечен и посебен. Начинот на кој совршено се вклопува во секоја кујна, речиси незабележливо, небаре таму припаѓа изворно, заслужено ја носи титулата безвременски дизајн!

Зачувајте ја храната свежа без разлика на сè!
Но беспрекорниот дизајн не е единственото нешто кое го прави Bespoke фрижидерот посебен. Неговата технолошка иновација ќе ви го направи животот полесен. Сите знаеме дека не сите намирници се исти и изискуваат различни оптимални температури. Некои треба да се изладат малку подобро, на пример, риба и месо, а некои, овошје и зеленчук, доволно е да се изладат малку помалку. Секако, тоа е можно со полицата Optimal Fresh +, која овозможува две температурни зони, а со тоа храната останува свежа и вкусна. Што треба да направите? Месото и рибата од едната страна, а овошјето и зеленчукот од другата страна. Совршено!
Без разлика дали готвите, или сте само уживате во свежа храна, она што сите нè вади од такт еовенат зеленчук и омекнато овошје. Да ниту еден дресинг не може да спаси свената марула! Samsung Bespoke има решение – фиоката Humidity Fresh +е тука да ја одржи совршената влажност, плус има доволно простор за голема количина овошје и зеленчук! Плус, тука е и функцијата All Around Cooling, благодарение на која ќе добиете рамномерно ладење или едноставно сеопфатен систем на ладење, ова значи постојано следење на сите температурни флуктуации и рамномерно ладење од агол до агол. За одржување на константна температура и подолга свежина на храната, се грижат стратешки поставени отвори за вентилација. Толку едноставно, а толку корисно.
Ладен пијалак за секунда!
Летните тропски температури лесно ќе ги пребродиме благодарение на Power Coolфункцијата. Го знаете она чувство кога се враќате од пазар, а надворешните температури се високи? Едвај чекате да се напиете чаша студено розе и парче лубеница, но треба да помине цела вечност додека производите се изладат. Едноставно, притиснете го копчето Power Cool и voilà. Ладниот воздух го исполнува фрижидерот и внатрешната температура привремено се спушта на 1 °C. Брзо, речиси моментално ладење на храната создава оптимална и подолга свежина!
Доволно место за сè!
Space max алудира на малку повеќе простор, а како да не кога фрижидерите Samsung Bespoke доаѓаат со зголемена длабочина што не само што создава поголем волумен, туку и едноставно се вклопува правилно со другите кујнски елементи. Корисниците на тој начин добиваат подобра видливост, но и можност да ја изберат храната онака како што сакаат.
Разладете го летото со новата промоција
Компанијата Samsung Electronics подготви специјална летна промоција на врвните фрижидери со промотивен попуст и петгодишна гаранција. Покрај промотивниот попуст, како дел од промоцијата имате право и на гаранција од 5 години. За го да остварите правото на 5 години гаранција, потребно е да се регистрирате на интернет-страницата samsung5godinigarancija.mk најдоцна до 30 дена од датумот на купување. Повеќе информации околу Samsung фрижидерите и актуелната промоција може да најдете на https://www.samsung.com/mk/offer/cooling-promo-2022/. Промоцијата трае од 20.6 до 17.7.2022 година или до истек на залихите.Разладете се со освежителен пијалок или ладен десерт со некој од избраните фрижидери и уживајте во летото со полни гради!
Кујната но, и секоја просторија беспрекорно чиста!
Нередот во кујната лесно ќе биде решен благодарение на Bespoke Jet™ Complete правосмукалката. Готвењето со најмалите знае да биде забавно, но трошките на подот знаат да бидат вистинска ноќна мора. Samsung Bespoke Jet™ Completeго прави чистењето неверојатно лесно и забавно. Едноставен дизајн кој се лесно се вклопува во просторот и неверојатна All-in-one Clean Station благодарение на која домот секогаш ќе биде беспрекорно чист. Ја завршува целата тешка работа, ефикасно го празни садот за прашина со помош на „Air Pulse“ технологијата и собира 99,999 % од ситната прашина за максимална хигиена на вашиот дом.
Замислете длабинско чистење кое нема да ви одземе повеќе од 1 час. Звучи неверојатно, но со Bespoke Jet™ Complete е сосем изводливо. Моќ на вшмукување до 210 W, генерирана од моторот Digital Inverter, аеродинамичниот дизајн на воздушниот систем го оптимизира протокот на воздух, додека мулти-циклонската филтрација на воздухот ги собира ситните честички прашина (или брашно од колачињата кои ги готвевте со најмалите). Благодарение на времето на работење до 1 час, ќе имате доволно моќ да ја исчистите целата куќа, со само едно пуштање. Сè тоа благодарение на долготрајната батерија што се отстранува, која може да се замени со резервна, овозможувајќи до 2 часа чистење. Користејќи ја уникатната технологија на Samsung, задржува 70 % од првичните перформанси до 500 циклуси.
Jet Cyclone собира ситни честички прашина. Ова значи дека воздухот во домот може да го одржувате чист, исто како и подовите. Оптималната насока на воздухот го намалува отпорот на воздухот околу садот за прашина, а 27те отвори за воздух ја сведуваат на минимум загубата на вшмукување, така што можете да се релаксирате, знаејќи дека правосмукалката ќе испорача конзистентни перформанси во секоја просторија. Теписите и тврдите подови ќе бидат идентично чисти благодарение на мекиот валјак на четката Jet Dual кој собира големи честички прашина од тврдите подови. Најлонските и гумени остри влакна го подобруваат чистењето теписи, особено бидејќи се ротираат при 4.000 rpm. Ротирачката глава од 180 степени ја менува насоката, а барабанот се отстранува со само еден клик. Плус, уредот тежи неверојатни 1.44кг што значи дека лесно може да го движите низ сите простории!
Идејата е да си го олесниме секојдневието, па токму затоа, Bespoke уредите на Samsung се нашиот најдобар пријател.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка




