Зошто се манипулира со информациите за јавниот долг?
Објавено во: Економија 28 Ноември, 2012 08:00
Анализирано од аспект на позициите за оваа 2012 та, ако јавниот долг на владата изнесува 30,2% а вкупниот јавен долг 46% од БДП , тогаш јазот меѓу бројките изнесува околу 15 тина процентни поени.
Казна за селективни податоци?
Спред постоечката законска регулатива, Владата постапува во согласност со законите, со обврска само да ги објавува податоците за Јавниот долг на Централната Влада.
“Тоа е така затоа што владата го измени Законот за јавен долг со што ја укина обврската да го објавува вкупниот јавен долг “ – изјави за “Фактор“ поранешниот гувернер Петар Гошев.
Додека во Македонија информациите се дозираат, во економиите од Европската Унија не е така, објаснува академик Беџети.
“Во Европската Унија секоја единица на задолжување мора да се регистрира и да се пријави. Ова се однесува на сите државни институции и фирми во кои власта има и најмал удел“ – вели професорот.
Токму поради ова, експертската јавност го отвори прашањето за кривични санкции.
“Точно е дека сега владата не постапува спротивно на законите, но затоа и треба да се разгледа можноста преку кривичниот законик да се предвидат санкции за нецелосно објавување на информациите “ – вели Гошев.
Во исто време, Владата ја напушти и праксата за објавување на Стратегии за управување со Јавниот долг. Последната таква стратегија се однесува на периодот од 2010 та до 2012 та година, која веќе е на истек.
На официјалната интернет страна на Министерството за финасии последниот Извештај за состојбата со Јавниот долг се однесува на првиот квартал од 2010 та година.
Д.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала





