„Зошто во 2023 во Виена се водени преговори за можна спогодба за Казандол?“: Митева бара појаснување за арбитражните спорови
Објавено во: Македонија 20 Август, 2025 12:46
Владата од наследените осум активни арбитражни постапки, со одговорен и ефикасен однос успешно заврши три во полза на Македонија со што е направена заштеда на буџетот од 516 милиони евра, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева.
Покрај добиениот арбитражен спор со дел од инвеститорите од рудникот „Казандол“ во Валандово со што се заштедени 115 милони евра, за кој Владата соопшти вчера, Митева на прес-конференција посочи дека добиени се и постапките „Саса“ со вредност од 445 милиони и „Гама“ против Македонија од над пет милиони евра.
- По вчерашната информација дека Македонија го доби случајот познат како Казандол и заштеди 115 милиони евра, пари на граѓаните, цениме дека јавноста има потреба да ги знае работите кои согласно класификацијата на доверливост можат да се споделат во јавноста.
Оваа победа не е само правен успех, туку јасна порака дека државата може да ги брани своите интереси кога настапува организирано, со посветеност и со сериозна работа.
Во изминатиот период, координативното тело за арбитражни постапки вложи максимални напори – од внимателна анализа на документите и договорите, до темелна подготовка со правни аргументи – со што обезбедивме силна и одржлива позиција во постапката.
Кога сме кај оваа постапка и лажните обвинувања од СДСМ дека оваа арбитражна постапка била добиена и завршена уште во 2023 година кога тие беа дел од Владата, тогаш еве нека одговорат прво зошто во 2023 во првата половина од месец април во Виена се водени преговори за можна спогодба за Казандол помеѓу претставници од владата и претставници од страна на тужителите и второ, зошто тогаш оваа влада носи одлука и зазема став да ја одбие предложената спогодба? - истакна Митева на пресконференцијата.
Таа посочи дека со доаѓањето на новата Влада во јуни 2024 биле наследени 8 активни меѓународни арбитражни постапки, од кои 3 постапки беа инвестициски спорови и 5 трговски спорови, како и најава со опомени пред тужби за најмалку уште 4 постапки.
Потоа посочи дека во сите активни арбитражни постапки потенцијалната штета по буџетот на државата била 865 милиони евра, плус трошоци во постапките.
- Овој податок говори за неодговорниот однос на претходната влада, која со своите постапки ги довеле во ризик буџетот на државата и меѓународниот углед на државата, што резултирало со 8 активни и 4 потенцијални меѓународни спорови. Па сосема легитимно е да го поставиме прашањето зошто токму во периодот на претходната влада биле отворени толку многу меѓународни спорови, дали всушност се создавал терен за вонсудско решавање на споровите и начин за испумпување на пари од буџетот на граѓаните - појаснува Митева.
Претходно од опозициските претставници беше посочено дека тие имаат уддел во спасените финансии од тужбата поради стопираната реализација на рудникот Казандол.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




