19 Декември, 2025
0.0360

Акционерско собрание нa Стопанска банка

Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2016 10:27

Добивај вести на Viber

Стопанска банка АД-Скопје континуирано одржува водечка позиција во банкарскиот сектор преку достигнување на највисоки перформанси и профитабилност, обезбедувајќи силна капитална и ликвидносна позиција. 

Банката во изминатите години остварува добивки преку кои ја потврдува својата долгорочна стратегија фокусирана на оптимизација на сите неопходни ресурси со цел да ги подобри перформансите во секој домен од нејзиното работење.

Во 2014 и 2015 година, Стопанска банка оствари добивка по оданочување во вкупен износ од МКД 3.429.041.081. Ваквите позитивни резултати обезбедија основа за зголемување на регулаторниот капитал на Банката во 2015 година од акумулираната добивка во износ од МКД 2.159.353.000 (ЕУР 35 милиони), со што дополнително се зајакна капиталната база на ниво кое е значително повисоко од капиталните барања пропишани во регулативата.

Одличните перформанси и високата профитабилност, како и високата капитална позиција, создадоа услови за поврат на долгорочните инвестиции на акционерите, вклучително и на малцинските акционери кои години наназад очекуваа поврат од нивните инвестиции.

Во насока на ова, ќе биде предложено на Собранието на акционери на Банката да одобри исплата на дивиденда на имателите на обичните акции во вкупен бруто износ од МКД 2.776.168.620, односно бруто износ од МКД 159 по обична акција. Имајќи предвид дека овој износ произлегува од задржаната добивка од претходните години, која не се вклучува во регулаторниот капитал и не влегува во пресметката на стапката на адекватност на капиталот, исплатата на гореспоменатата дивиденда нема да има никакво влијание врз капиталната база, која и натаму останува силна и во насока на натамошна соодветна поддршка на редовните активности на Стопанска банка за годините кои ни претстојат.


Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција