19 Декември, 2025
0.0543

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2025 09:35

Добивај вести на Viber

Суштинска и длабинска дебата околу прашањето дали актуелниот раст на инвестициите во AI претставува нов инвестициски балон или, пак, долгорочна можност што ќе ја редефинира глобалната економија ќе биде отворена на панелот „Christmas Talks, на Институтот Хајделберг во Скопје. Темата на годинешниот панел е AI Bubble or AI Double – Navigating Investment Opportunities and Risks in Volatile Stock Markets“ (Навигација низ инвестициските можности и ризици во услови на нестабилни капитални пазари) а ќе се одржи на 22 декември 2025 година, од 14:00 до 17:00 часот, во просториите на факултетот Хајделберг во Скопје.

Настанот е замислен како модерирана панел-дискусија со активна интеракција со публиката, преку која ќе се анализираат пазарните движења, вреднувањето на компаниите, регулаторната рамка и реалните деловни модели, со цел да се понудат конкретни и применливи увиди за инвеститорите во време на зголемена неизвесност.

Посебен акцент ќе биде ставен на управувањето со ризик, диверзификацијата на портфолијата, улогата на големите технолошки компании, како и на инфраструктурните и енергетските предуслови за развој на AI. Дел од програмата ќе биде посветен и на анализа на конкретен пазарен пример, со цел подобро разбирање на динамиката меѓу иновацијата, вреднувањето и пазарните очекувања.

Настанот е наменет за институционални и индивидуални инвеститори, финансиски аналитичари, бизнис-лидери, технолошки експерти, како и за сите кои сакаат подлабоко да ги разберат актуелните трендови на капиталните пазари и нивното влијание врз идните инвестициски одлуки.

Настанот се реализира со ограничен број учесници, при што се достапни уште неколку места – пријавувањето е во тек.

За повеќе информации и пријавување, заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број +389 78 605 565 или на следниот линк.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година