Андоновски: Арсовска последните неколку недели ставила блиндирани врати на кабинетот
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2022
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски вели дека скопската градоначалничка Данела Арсовска ставила блиндирани врати и камери.
„Арсовска последните неколку недели ставила блиндирани врати на кабинетот, поставувала камери низ општината и ги малтретирала вработените да се најавуваат на секое влегување“, рече Адноновски на Сител.
Тој претходно, на прес-конференција, рече дека Арсовска во градот неформално била позната по реченицата „од утре да го нема“.
Арсовска влезе во конфликт со ВМРО-ДПМНЕ. Дел од директорите на јавните претпријатија се повлекоа, а имаше и разрешување.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека ако таа не им се извини ќе следат тужби.