28 Октомври, 2024
0.0256

МИЦКОСКИ КАЖА ШТО МИСЛИ ЗА ПОБЕДАТА НА БОРИСОВ: Ние сме во исто семејство

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски денеска коментирајќи ги изборите во Бугарија, истакна дека се надева дека во соседната државата ќе се формира влада, со која ќе може да седнат и да најдат решение за одблокирање на патот на земјата во ЕУ.

Очекува Влада од најмалку три партнери, а за победата на партијата ГЕРБ, предводена од Бојко Борисов, повтори дека тие се од исто семејство, односно од Европската народна партија.

-Очекувам влада која што ќе има најмалку три партнери. Бројките варираат 67 или 70 пратеника има коалицијата ГЕРБ – СДС, исто така тука е коалицијата Демократска Бугарија и Промените продолжуваат која што очекувам да има меѓу 44 и 47, така што во суштина без тие две не може да се направи влада. Е сега ќе видиме како таму ќе се развиваат работите. Се надевам дека ќе има влада, дека ќе нема осми избори по ред и дека ќе можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме нашиот пат, патот на Македонија кон ЕУ, изјави Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања по надзор во работата на автопатската делница Гостивар - Букојчани.

Мицкоски истакна дека според првичните резултати девет партии ќе влезат во Парламентот и како што рече, ќе има интересен мозаик во рамки на бугарскиот законодавен дом. 

Премиерот викендов изјави дека не би можел да издвои кој би бил подобар соговорник во Софија, но дека логично е дека сака да победи партијата на Борко Борисов со која се дел од Европската народна партија. 

-Не би можел да издвојам кој би бил подобар соговорник, но можам да кажам дека со партијата ГЕРБ која што ја води Борко Борисов сме во исто семејство во Европската народна партија и логично е да посакам политичка партија која доаѓа од нашето семејство да победи на изборите, рече Мицкоски.

Партија ГЕРБ на поранешниот премиер Борисов е победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми во последните три и пол години, според првичните прелиминарни резултати од гласањето. ГЕРБ освои 25 отсто од гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформистичката коалиција на партијата „Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија. Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет. 


Можеби ќе ве интересира

ИЗГУБЕН Е МАЖ ВО ЧЕНТО: Од синоќа се споделува апел за негово пронаоѓање, еве ги податоците

ИЗГУБЕН Е МАЖ ВО ЧЕНТО: Од синоќа се споделува апел за негово пронаоѓање, еве ги податоците

МОРА ДА СЕ ПОСВЕТИ ВНИМАНИЕ НА СЕКОЕ ПИСМО ОД ГРАЃАНИН: Мицкоски за писмото на Ахмети

МОРА ДА СЕ ПОСВЕТИ ВНИМАНИЕ НА СЕКОЕ ПИСМО ОД ГРАЃАНИН: Мицкоски за писмото на Ахмети

ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИОТ ГРИП ПРИМИЛЕ 19.000 ГРАЃАНИ: Досега се пријавени над 61.000

ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИОТ ГРИП ПРИМИЛЕ 19.000 ГРАЃАНИ: Досега се пријавени над 61.000

Нов скандал го тресе ЈП „Државни патишта“?Поминале 240 пати патарина без да платат

Нов скандал го тресе ЈП „Државни патишта“?Поминале 240 пати патарина без да платат

АХМЕТИ МУ ПИШАЛ ПИСМО НА МИЦКОСКИ: Еве што пишува во него

АХМЕТИ МУ ПИШАЛ ПИСМО НА МИЦКОСКИ: Еве што пишува во него

КАДЕ ДА ГЛЕДАМЕ ВОЗЕН РЕД? Веќе неколку дена не работи сајтот на ЈСП, граѓаните револтирани

КАДЕ ДА ГЛЕДАМЕ ВОЗЕН РЕД? Веќе неколку дена не работи сајтот на ЈСП, граѓаните револтирани

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо