28 Октомври, 2024
0.0353

МОРА ДА СЕ ПОСВЕТИ ВНИМАНИЕ НА СЕКОЕ ПИСМО ОД ГРАЃАНИН: Мицкоски за писмото на Ахмети

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го видел писмото што му го испрати лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата, но истакнува дека мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин.

На новинарско прашање Мицкоски денеска истакна дека со големо внимание пристапува во комуникацијата со граѓаните. 

- Не, не сум го видел. Инаку, јас дневно добивам многу писма и ги читам, добивам многу пораки, и со големо внимание пристапувам во комуникацијата со граѓаните. Господинот Ахмети е граѓанин и мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин, така постапува одговорна Влада. Како што кажа вицепремиерот Меџити ние не играме фудбалчиња, ние работиме и сме одговорни, рече  Мицкоски, кој одговараше на прашања по увидот на работите за изградба на автопатот Гостивар Букојчани на Коридор 8. 

Како што соопшти претходно ДУИ, писмото од Ахмети е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Северна Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој. Ахмети во писмото истакнува дека одлуките за укинување на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку, се посочува во соопштението, се опасни  и штетни за напредокот и одржливоста на општеството.

ДУИ апелира до политичките партии и институции за поголема одговорност и зрелост во овој критичен период, поттикнувајќи решенија кои ќе ја зајакнат соработката и заедништвото, а не поделбите. Писмото на Ахмети, како што наведуваат од партијата, претставува повик за соработка, взаемна почит и конструктивен дијалог.

- ДУИ останува посветена на заштитата на меѓуетничкото разбирање и инклузивноста, кои се темели на напредокот на Северна Македонија и нејзината европска иднина, стои во соопштението. 


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ КАЖА ШТО МИСЛИ ЗА ПОБЕДАТА НА БОРИСОВ: Ние сме во исто семејство

МИЦКОСКИ КАЖА ШТО МИСЛИ ЗА ПОБЕДАТА НА БОРИСОВ: Ние сме во исто семејство

ИЗГУБЕН Е МАЖ ВО ЧЕНТО: Од синоќа се споделува апел за негово пронаоѓање, еве ги податоците

ИЗГУБЕН Е МАЖ ВО ЧЕНТО: Од синоќа се споделува апел за негово пронаоѓање, еве ги податоците

ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИОТ ГРИП ПРИМИЛЕ 19.000 ГРАЃАНИ: Досега се пријавени над 61.000

ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИОТ ГРИП ПРИМИЛЕ 19.000 ГРАЃАНИ: Досега се пријавени над 61.000

Нов скандал го тресе ЈП „Државни патишта“?Поминале 240 пати патарина без да платат

Нов скандал го тресе ЈП „Државни патишта“?Поминале 240 пати патарина без да платат

АХМЕТИ МУ ПИШАЛ ПИСМО НА МИЦКОСКИ: Еве што пишува во него

АХМЕТИ МУ ПИШАЛ ПИСМО НА МИЦКОСКИ: Еве што пишува во него

КАДЕ ДА ГЛЕДАМЕ ВОЗЕН РЕД? Веќе неколку дена не работи сајтот на ЈСП, граѓаните револтирани

КАДЕ ДА ГЛЕДАМЕ ВОЗЕН РЕД? Веќе неколку дена не работи сајтот на ЈСП, граѓаните револтирани

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!