На првата Стобиранка - наградната игра на Витаминка со брендот Стоби извлечени 177 награди
Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2016 12:48
На првата Стобиранка беа извлечени 177 добитници од истоимената наградна игра на Витаминка и брендот Стоби. Еден автомобил Toyota Yaris, еден скутер Aprilia, пет ховерборди, десет ЛЕД телевизори, по десет таблети и смартфони како и уште 140 други награди, слушалки, спортски ранци и пакет производи, се наградите од ова извлекување.
Наградната игра продолжува и понатаму со уште два циклуса извлекување. Следното е на 27-ми ноември кога ќе биде доделен вториот автомобил Toyota Yaris и третото на 25-ти декември кога ќе биде извлечена главната награда, најновиот модел на Toyota C-HR Hybrid. Среќниот добитник ќе биде првиот сопственик на овој автомобил во Македонија.
За учество и можност за добивање на некоја од бројните награди, потребно е само да се соберат 5 празни кесички од Стоби Флипс, Чоко Стоби или од Стоби Стикс од кој било вкус и грамажа, да се стават во плик и пликот да се остави во видливо обележаните кутии во продажните места низ целата држава или да се испратат по пошта на адреса на компанијата.

Стобиранка со
вкупен фонд од над 100.000 евра и со три циклуси на извлекување и наградување
важи за една од највредните наградни игри организирани во земјава.
Неизвлечените пликови од првото извлекување ќе учествуваат во второто, а од
првото и второто извлекување ќе учествуваат и во третото.
Извлекувањето на големите награди се емитуваше во живо на YouTube каналот на Стоби Флипс во неделата на 23 октомври со почеток во 12:00 часот.
Сите подетални информации за наградната игра како и листата на добитници ќе ги најдете на веб страната www.stobiranka.mk
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




