24 Јануари, 2025
0.0276

НАНО РУЖИН ЗА ФАКТОР: Можен е нов испад на претседателот Иванов во стилот на „аболицијата“ само за да не му го довери мандатот на Заев

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

По 11 години на континуирано авторитарно владеење, во еден хибриден систем со сите демократски институции, но под силна партиска контрола, партизирано судство, организиран криминал на партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ, фалсификувани избори. Евидентно е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ја напушти власта. Овој процес не е едноставен, затоа што за прв пат во историјата на Македонија една партија со толку долг стаж на владеење треба да премине во опозиција. Тоа не е обично предавање на власта како во 1998, 2002, 2006 туку вистински инжењеринг на масивно деинсталирање на корумпирани апаратчики кои не само што ке го загубат големиот финансиски ефект туку ризикуваат и кривични пријави.

Според поранешниот македонски амбасадор во НАТО  на Заев мора да му се признае дека освен храброста поседува и една многу друга значајна вредност-политичка трпеливост кон која се надогради и неговото чувство на голем стратег и дипломат.

ТРАНЗИЦИЈАТА ВО МИРНО ПРЕДАВАЊЕ НА  ВЛАСТА ВО МАКЕДОНИЈА

За Ружин лидерот на СДСМ успеал да најде заеднички јазик со сите политички парламентарни партии на Албанците и тоа со многу позитивна енергија.

Не го смени Уставот туку само прифати тоа што претходно го нудеше и ДПМНЕ на албанските партии. Одолговлекувањето од страна на ДУИ е тактички потег за да се релативизира огорченоста и екстремизмот на ДПМНЕ и сметам дека е осмислен и во бројни консултации со странски дипломати. Кога веке е јасно дека мандатор ке биде Зоран Заев, можно е факторот Ѓорѓе Иванов повторно да направи некој политички испад од стилот на „аболицијата“ и дефинитивно да се утврди како фактор на дестабилизација на државата. Во такви услови, дури и ЕК Хан кој покажуваше поголеми симпатии кон ДПМНЕ не поседува простор за нови маневри освен да препорача дека Иванов треба да му го даде мандатот на Заев.

НЕЗАДОВОЛСТВО КАЈ ВМРО- ДПМНЕ НЕ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА

Според Ружин и покрај разните најавувани сценарија за дестабилизација, сите работи ќе си дојдат на свое место.  Едноствано ДПМНЕ не поседува иста енергија на незадоволство како што тоа го имаа актерите на Шарената револуција. Тие се 11 години на власт и користеа од сите благодети.

По губењето на власта не постојат аргументи на масите на ДПМНЕ што би ги мотивирало да протестираат со денови. За еден два месеци СДСМ и коалиционите партии ке се инсталираат на власта и ке отпочнат со имплементација на договорот од Пржино .     

Горазд ЧОМОВСКИ

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато