ОРЦЕ СЕ ПОФАЛИ: Приходите на Кисела Вода се повеќе од два пати зголемени во последните две години
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2025 15:04
Ова најдобро го потврдува и финансискиот отчет за првиот квартал од 2025 година, кој покажува реализација на приходи од 322.841.406 денари, што претставува зголемување за 8,06% во однос на истиот период од 2024 година, која пак, беше претходно најдобра година во историјата на општина Кисела Вода.
Посбено е значаен делот во однос на капитални проекти, каде во првиот квартал од 2025 година, општината реализираше капитални проекти во вредност од 76.850.753 денари, што е три пати повеќе од 2020 и 2021 година, и дури 13,73 пати повеќе во споредба со првиот квартал од 2019 година.
За илустрација, во сите први квартали за време на четиригодишното владеење на претходниот градоначалник, се реализирани капитални инвестиции во вредност од 71.576.234 денари – што е помалку од реализацијата во првите три месеци на 2025 година.
Реализиравме приходи во износ од 322.841.406 денари, што е за 8,06% повеќе во споредба со истиот период лани, а и тогаш ја бележевме најдобрата година во историјата на општината.
Особено сум горд што веќе во првите три месеци од годината реализиравме капитални проекти во вредност од над 76 милиони денари – сума што ја надминува четиригодишната капитална реализација на претходното раководство.
Во тек е постапка за реализација на уште 22 нови капитални проекти, за кои аплициравме за финансиска поддршка од Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти




