24 Април, 2024
0.0293

ПРОНАЈДЕНИ СЕ АНИСА И МЕЛИСА - Двете тинејџерки се исчезнати од четвртокот

Објавено во: Македонија 01 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Двете малолетнички кои беа пријавени за исчезнати завчера вечерта во Скопје се пронајдени, потврдија извори од МВР за Телма.  По девојчињата, 15 годишната Мелиса и 12 годишната Аниса се трагаше од четвртокот вечерта, откако татковците на двете девојки ги пријавиле за исчезнати. 

Таткото на Аниса и на социјалните мрежи и преку сите можни начини бараше помош за пронаоѓањето на неговата ќерка. 

Тогаш таткото на Аниса пријавил во полиција таа во четвртокот наутро излегла од дома кон нејзиното училиште „Лирија“ во Чаир, меѓутоа по часовите не се вратила дома.

Денеска тaткото на Аниса апелираше целата јавност да се приклучи кон нивните напори.

Ве молам, да се собереме сите – новинари, политичари, спортисти. Сите, сложно да станеме на нозе и заедно да ја најдеме Аниса. Ќе бараме секаде. Тешко ни е многу. Нозете ми се тресат кога зборувам“, рече таткото.

Во врска со другото 15-годишно девојче, Мелиса, кое во истиот ден беше пријавено за исчезнато, таткото на Аниса вели дека двете не биле другарки, туку познанички, а и за неа не се знае каде би можела да биде. Ја отфрла можноста дека девојчињата можеби побегнале заедно, бидејќи другото девојче е многу повозрасно.

Медиумите од вчера масовно пренесуваат за двете тинејџерки кои се исчезнати и не се знае каде се, а апели за помош масовно се споделуваат и на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?