Шкариќ: Законот за јазици ќе падне на Уставен, дури и спикерот Џафери да го потпише указот
Објавено во: Македонија 27 Април, 2018 07:58
„Многу одредби од Законот за употреба на јазиците вака како што е напишан нема да можат да поминат во Уставниот суд и под услов Уставниот суд да се наоѓа на најниско стручно ниво . тоа им е јасно и на самите автори на Законот за употреба на јазиците. Уставниот суд голем број од одредбите би ги укинал, а некои можеби и би ги поништил. Тоа значи дека некои одредби кои се во сила да ги елиминира и последиците“, вели Светомир Шкариќ . Според универзитетскиот професор по уставно право, Законот за употребата на јазиците така како што е напишан тешко дека ќе може да да се оформи како законодавен акт, ќе има доста пречки .
„Претседателот на Собранието може да го потпише Законот за употребата на јазиците и да го прати до Службен весник со образложение дека претседателот на Македонија го крши Уставот, а тој како спикер на Законодавниот дом е должен да го испрати Законот на публикување бидејќи секој граѓани вклучувајќи го и Иванов има обврска да го почитува Уставот. Но и со тоа нема да биде решен проблемот затоа што тогаш доаѓа најтешката пречка во врска со стапувањето на Законот во сила, а тоа е Уставниот суд. Ако Законот биде објавен со дефектен указ, Уставниот суд би можел да се произнесе дека таквиот акт не може да го земе во постапка за разгледување бидејќи не е Закон “, изјави проф. Шкариќ во интервју за емисијата Фактор магазин на ТВ24.
Шкариќ оцени дека Законот за потреба на јазиците не одговара ниту на албанската етничка заедница , па и на оние што го предложиле затоа што Законот инсистира на строго почитување и развој на мултикултурализмот, а не на интеркултурализмот. Шкариќ кој во еден период му беше и советник на претседателот сугерира во Собраннието да отпочне постапка за импичмент поради тоа што Иванов на неколку наврти за време на неговиот мандат го прекршил Уставот.
„Претседателот Иванов одлучи да го опструира Законот за употреба на јазиците и по неговото второ изгласување во Собранието и со тоа тој го крши Уставот, иако во забелешките испратени до Собранието пишува дека тој секогаш го почитувал и штител уставот, Но тоа не е точно“ кажа проф. Шкариќ
Во 30 минутното интервју професорот по уставно право се осврна на извештајот на ЕК, враќањето на опозицијата во Парламентот, судските процеси кои се водат против поранешниот премиер Груевски и членови на ВМРО ДПМНЕ. македонско-грчкиот спор за името.
„Ако географската одредница би се употребувала во меѓународни организации, а не за внатрешна употреба тогаш нема да има потреба да се интервенира во Уставот. Ако пак Грција инсистира на ерга омнес тоа значи и за внатрешна употреба, тогаш од постојниот Устав не би останало ништо. Но не верувам дека Владата може да прифати такво решение. Но и да прифати таков решение, тоа не би било остварливо“, рече проф. Светомир Шкариќ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




